Иранскиот отправник на работите повикан во турското Министерство за надворешни работи

March 4, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес го повика иранскиот отправник на работите во Анкара во врска со наводите на одредени ирански официјални претставници за Туркије, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Онџу Кечели, според дипломатски извори, јавува Анадолу.

Кечели истакна дека иранскиот отправник на работите бил повикан во Министерството за надворешни работи за размена на мислења и осврнување кон тие наводи.

Истакнувајќи дека турските и иранските претставници редовно се среќаваат и разменуваат мислења, тој рече дека на средбата се разговарало и за билатерални прашања.

„Забележано е дека иранските власти во последно време искажуваат повеќе критики во јавноста против Туркије“, изјави Кечели, додавајќи дека досието подготвено од Министерството за ова прашање претходно било проследено до иранската страна.

„Сметаме дека надворешнополитичките прашања во никој случај не треба да се користат како материјал за внатрешната политика.“

„Во тој поглед, ние претпочитаме да ги пренесуваме клучните пораки кои треба да се достават до друга земја директно на нивните соговорници. Оваа патека ја следевме и денес.“

„Ние високо ги цениме нашите односи со Иран. За нас е важно да ги зајакнеме односите меѓу Туркије и Иран“, додаде турскиот претставник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Израелски тенкови отворија оган врз амбулантни возила со повредени Палестинци кај преминот Рафа

Следно

Регионална депонија кај Новаци – зелено светло за формирање меѓуопштинско претпријатие кое ќе управува со отпадот

Latest from Blog

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која
Go toTop