Кривична пријава против полициски службеници за злоупотреба на службената положба, фалсификување исправа и спречување на докажување

March 4, 2025
1 min read

Првопријавениот А.Ј.. – полициски службеник во СВР Куманово, наместо да поднесе кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело „фалсификување на исправа“ поради извршена промена на идентификационен број на шасија на патничко возило „бмв“, кое било одземено од полициски службеници на граничен премин Табановце, на 25.12.2024 изготвил потврда за вратени предмети и на лицето од Скопје му го вратил одземеното возило, сообраќајната дозвола и клучот од возилото. На 06.02.2025 првопријавениот сочинил и потпишал известување до ОЈО Куманово, кое го потпишал и одобрил второпријавениот Д.Ј. – началник на првопријавениот, каде доставиле потврда за вратени предмети, во која првопријавениот внел податоци за наведеното возило со променет идентификационен број на шасија и на тој начин овозможиле противправна имотна корист за друг во износ од 7.640 евра или во денарска противвредност од 469.860 денари.

Исто така, на 18.08.2023 првопријавениот доставил известување до ОЈО Куманово, кое го одобрил второпријавениот во својство на началник на Одделението за криминалистичка полиција, а во врска со пријавено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, кое се случило на 15.06.2023 од сторител од Куманово. Имено, при преземање мерки за расчистување на делото била пронајдена една пушка и бил сочинет записник и фото документација. Првопријавениот не известил надлежен јавен обвинител и во наведеното известувањето до ОЈО Куманово не ја доставил пушката, записникот за пронајдени предмети и не побарал наредба од јавниот обвинител за вештачење на пронајденото оружје,

со што од страна на ОЈО Куманово овозможил да биде запрено гонењето на сторителот,
односно пријавените службени лица злоупотребувајќи ја својата положба со неизвршување на својата службена должност, спречиле докажување на предметното кривично дело, со што потешко ги повредиле правата на оштетените пријавители на кривично дело „предизвикување општа опасност“.
спречил докажување на предметното кривично дело и ги повредиле правата на оштетените.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе бидат суспендирани од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Направивме многу и на штета на идентитетот, но мора да сме оптимисти и да се бориме и во иднина

Следно

Активистите реагираат за видео на кое мачка виси од автомобил на патот Штип-Неготино

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop