Солунската и македонската филхармонија со концерти во Скопје и Солун

March 4, 2025
1 min read

Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај, со почеток во 19.30 часот, за првпат ќе настапи во салата на Македонската филхармонија. Гостувањето на овој оркестар во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската Филхармонија во Софија, каде на 17 февруари се реализираше изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Менаџментот на Македонска филхармонија е во финални преговори и за концерт на Македонската филхармонија во Солун.

-На заедничката средба во Солун, во октомври минатата година, со г-дин Најден Тодоров, директор на Софискатата филхармонија и г-дин Симос Папанас, директор на Државниот симфониски оркестар од Солун го договоривме концертот во Софија, и разговаравме овој концерт да се повтори и кај нас и во Грција. Во меѓувреме со г-дин Папанас го договоривме настапот на Солунската филхармонија во Скопје, а во финални преговори сме и за нашиот концерт во Солун, кој треба да се реализира кон крајот на јуни. Во меѓувреме ќе потпишеме и меморандум за соработка помеѓу двете институции. Ова е уште една потврда дека културата руши бариери и создава и гради нови пријателства и можност за идни заеднички соработки  – вели Александар Котевски, в.д. директор на Филхармонија.

Како солисти на концертот на Солунската филхармонија ќе настапат нашиот пијанист со блескава интернационална кариера – Симон Трпчески и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент е Владимирос Симеонидис од Грција, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар во Ге-дур од Морис Равел, „Пет народни грчки песни“ во оркестрација на Равел и Розентал, „Ла валс“ од Морис Равел, како и неколку композиции од грчкиот композитор Емил Риадис.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗАВРШИ ДОМИНАЦИЈАТА НА ВЕНЕЦИЈА, ОСКАРИ ОСВОЈУВААТ ДОБИТНИЦИТЕ НА ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

Следно

Кривична пријава за лихвари од Охрид, се стекнале со противправна имотна корист од над 9 милиони денари

Latest from Blog

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука

Пустец се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура

Жителите на Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа
Go toTop