Немања Видиќ е кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на Србија, еве кој е неговиот противник

February 24, 2023
1 min read

Прославениот српски фудбалер Немања Видиќ официјално се вклучи во трката за претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) во која негов против кандидат ќе биде легендарниот Драган Џајиќ.

„Ја поднесов потребната документација, а в понеделник ќе го доставам и мојот предлог состав за членови на Извршниот одбор“, потврди попладнево во изјава за локалните медиуми 41-годишниот Видиќ, кој во својата кариера беше капитен на српската репрезентација и на Манчестер јунајтед.

Претходно оваа недела, Фудбалскиот сојуз на Белград соопшти дека официјално го кандидирал легендарниот југословенски репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во историјата на Црвена ѕвезда, Драган Џаиќ (76) за претседател на ФСС.

Изборите за прв човек на српскиот фудбал се закажани за 14 март, а рокот за поднесување кандидатури истекува в понеделник. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не ги намалиле цените на храната: Предложено укинување на субвенционираната струја за прехранбената индустрија

Следно

Ердоган во Истанбул се состана со членовите на Претседателството на БиХ

Latest from Blog

Македонски Телеком и Комерцијална банка ја предводеа ликвидноста, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Скопје, 5 мај 2026 година – Македонската берза ја заврши денешната сесија со МБИ10 на 9.955,12 поени, што

Пелистер станува четирисезонски туристички центар со план за гондола од 58 милиони евра

Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“. На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна

Виноскоп ја отвора сезоната на отворено со петдневна фестивалска програма

Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски
Go toTop