Младите од Западен Балкан бараат поголема вклученост во процесите каде се носат политики

March 1, 2025
1 min read

Младите од региониот, Балканот, живеат иста реалност. Се соочуваат со исти или слични проблеми, учат во слични училишта, пешачат по исти улици, одат во слични болници. Се соочуваат со бројни предизвици и коментари од општеството, властите, а заслужуваат подобри градови за вмрежување, творење, дејствување. За креирање подобро општество се одржа и регионалната конференција „Младите се сила на Балканот“, поддржана од Фондот за Западен Балкан. 

Младите од Западен Балкан усвоија Декларација која се фокусира на создавање младински совети со јасни и аполитични мандати на сите нивоа на власт, кои ќе се користат за претставување на гласот на младите и активно вклучување во процесите на донесување одлуки. Вокациското образование и обука, односно признавање на важноста од инвестиции во вокациско образование и обука за младите, со цел обезбедување подобри можности за вработување, младински услуги за здравје: Барање за обезбедување на отворен пристап до услуги за ментално, сексуално и репродуктивно здравје, дизајнирани од самите млади. Развој на културни програми кои активно ќе ги вклучуваат младите, со посебен акцент на инклузијата на маргинализираните групи на млади. Еколошко вклучување-барање за итно и значајно вклучување на младите во еколошки иницијативи и акција за климатски промени, како и регионална соработка и ангажман на младите-повик до владите на земјите од Западен Балкан за создавање на буџети за младински иницијативи и програми и поттикнување на ефективна имплементација на политиките во сите овие сектори. 

Младите со јасен став-загадениот воздух и корупцијата не познаваат граници и младите имаат што да предложат со цел подобро општеството иако од владите од Западен Балкан не добиваат значајно внимание и простор. Потенцираат дека вклученоста на младите во политиките е токенистичко.

„Политичарите во целиот регион на ист начин ги перцепираат младите, како некој популистички проект, каде шо ќе разговараат, ќе ги вклучат. Во суштина младите не учествуваат многу во креирањето на политиките. Можеби има минимални разлики, во една или во друга држава, меѓутоа суштината, преиспитувањето на корумпираниот систем којшто постои во сите овие четири држави, невозможно е од страна на младите. Младите мора да бидат активни, постојано да го преиспитуваат постоечкото и да се борат заедно да ги постигнат промените и да ги споделуваат искуствата.“ – Борјан Ефтимов младински активист.

Потенцираат дека само преку заеднички напори, може да се постигне посакуваната цел. Преку Декларација се потврдува потребата од активно вклучување на младите во креирањето на иднината на Западен Балкан. Ги повикаа владите да обезбедат ресурси за имплементација. 

Конференцијата беше дел од регионалниот проект „Зајакнување на младите за демократска и одржлива иднина на Западен Балкан,“ поддржан од Фондот за Западен Балкан.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена суспензијата и паричната казна на Мурињо

Следно

Светот со „неверување“ проследи дел од разговорот во Овалната соба меѓу Трамп и Ди Венс со Зеленски

Latest from Blog

АМЕРИКА ИМА ПРОБЛЕМ, ПОСАДАТА ИМ СКОКА ВО МОРЕ

Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ го започна своето патување кон Соединетите Американски Држави по неколкумесечна мисија за време на војната со Иран. „USS George Washington“ пристигна на Блискиот Исток и

КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера

Драматична снимка од спасување киднапирани девојчиња во Атланта: Не мрдај или пукам! (ВИДЕО)

Снимката од нивното спасување е објавена на Фејсбук страницата на Полициската управа на Атланта, објави Пипл. Новата снимка од камерата што се носи на телото го покажува моментот кога властите во Џорџија

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до
Go toTop