Додик: Нема лично да се жалам на пресудата

February 28, 2025
1 min read

 Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека лично нема да се жали на пресудата со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција и дека Народното собрание на Република Српска одлучило да го отфрли случајот против него пред Судот на БиХ.

„Дали адвокатите ќе измислат нешто во тој поглед од свои причини, подобро да не ме прашуваат, бидејќи јас ќе бидам против тоа. Ако мислат дека нешто треба да се исполни од правни причини, за да одат во Стразбур, тоа е нивен проблем. Не мислам да се жалам лично, ниту мислам повеќе да одам на тоа“, рече Додик.

Тој истакна дека одлуките на Националното собрание на РС се враќање на Дејтон и одбрана на Дејтонскиот мировен договор, пренесува РТРС.

„Она што го имавме досега е грубата сила на меѓународниот фактор и ароганцијата на муслиманите од Сараево“, посочи Додик.

Тој повтори дека денес во БиХ не се почитува писмото од Дејтонскиот мировен договор и дека Српска бара враќање на првобитниот Дејтон. „Според првобитниот Дејтон, БиХ нема свој територијален интегритет, туку таа им припаѓа на ентитетите што ја сочинуваат БиХ. Затоа во членот 3 од Уставот се вели дека БиХ се состои од два ентитета и три конститутивни народи. Тука доаѓаме до суверенитет“, рече претседателот на РС.

Додик повтори дека тој е избран претседател со легитимитетот што го добил на демократски избори и дека е уставно задолжен да ја штити и претставува Република Српска. „Јас го правам тоа. Некому му пречи, тоа го знаеме. Дали Судот и Обвинителството го злоупотребија своето постоење кое им го даде високиот претставник? Мислам дека го сторија тоа. Ако прекршило во минатото, ќе прекрши и во иднина. Еве, тужете кој сакате“, рече Додик.

Тој истакна дека не се плаши од ништо и додаде дека Кристијан Шмит ќе биде исфрлен од овие простори.

Додик повтори дека тој и премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ ги поканиле претседателката на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Лидија Брадара и премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ, да дојдат во Бања Лука во термин кој им одговара за да разговараат за имплементацијата на Дејтонскиот мировен договор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, одговорност и правда мора да има

Следно

Учениците на Санторини од вторник се враќаат во училишните клупи

Latest from Blog

Цуцковски: „Охридско лето“ го надмина очекуваното со рекордна посетеност

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за
Go toTop