Учениците на Санторини од вторник се враќаат во училишните клупи

February 28, 2025
1 min read

Училиштата на грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, што од почетокот на месецов беа затворени поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, ќе бидат отворени во вторник на 4 март, одлучија членовите на надлежните комисии при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Учениците ќе се вратат во училишните клупи, но од комисиите препорачуваат „училишните единици да се придржуваат до мерките на претпазливост од земјотреси, имајќи предвид дека опасноста од некои релативно посилни потреси, иако значително намален, не е целосно исчезнат“.

На заедничкиот состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности во надлежното Министерство била разгледана актуелната ситуација и членовите едногласно констатирале дека „сеизмичката серија во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос покажува дополнителен пад и се задржа на ниско ниво во последните две седмици“.

Паралелно потсетија на превентивните мерки за граѓаните, односно да ги избегнуваат напуштените објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик: Нема лично да се жалам на пресудата

Следно

Митева: Додека вие зборувавте со пранкери, нашата дипломатија преку премиерот Мицкоски сега е присутна на најголемите настани

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop