Фаризи во Аргумент плус: Ако сме рамо до рамо со САД не значи дека сме против ЕУ

February 27, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во Аргумент плус рече дека нашата Влада има добар став за резолуцијата на САД и треба да го следиме. Според него тоа што сме рамо до рамо со САД не значи дека сме против Европската Унија.

„Ние треба да го користиме тоа имајќи предвид дека САД е голема светска сила и треба да сме рамо до рамо со тој што ја движи силата. Владата има моментално добар став и треба да сме со отворено очи и да пливаме како ќе ги одговоара нас. Јас сум за, затоа што сме рамо до рамо со САД но не значи дека сме против ЕУ, кога ќе се договорат големите сили пак ќе бидат рамо до рамо и ние мора да бидеме со некој од големите сили. Можам да кажам дека кај администрацијата на Трамп оди на политика земи или остави“, изјави Фаризи.

Тој зборуваше и за тоа дека ако ние имаме став поразличен од ЕУ тоа не треба да значи дека не заслужуваме да бидеме дел од Унијата.

„Прво треба да бидеме јасни ние не сме дел од ЕУ, второ ЕУ има своја надворешна и безбедносна политика, ако ние имаме друг став од нив тоа не значи дека не треба да бидеме дел, нивната заедника политика не не поврзува со нив. Тие немаат ни јасен став. Имаат големи поделби и поинаку размислуваат како да се реши војната. ЕУ не е сконцентрирана да има само еден став бидејќи притисокот на САД е поразличен сега. Треба максимално да користиме се и сите линкови кои ги имаме со САД за да го позиционираме нашиот став кон Бугарија особено во процесот кон ЕУ“, рече Фаризи.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Сите палестински групи треба да се помират без одложување

Следно

Вицепремиерот Николоски на увид на изградба на комунална мрежа во Радовиш

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop