Илир Мета останува во притвор, Врховниот суд го одби барањето за поблага мерка

February 27, 2025
1 min read

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор, одлучи Врховниот суд, отфрлајќи го барањето за смена на оваа, со поблага безбедносна мерка, со што ја потврди одлуката на Aпелацискиот суд.

Замена на мерката „затворски притвор“ Мета побарал со образложение дека „се попречува неговата политичка кариера и развојот на изборната кампања, бидејќи парламентарните избори се одржуваат на 11 мај“.

Мета, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), беше уапсен на 21 октомври минатата година, под обвинение „пасивна корупција“, „перење пари“ и „прикривање имот“.

Во аудиопораката дистрибуирана на социјалните мрежи, по одлуката на Судот, Мета, најави „брзо движење кон Судот за човекови права во Стразбур“. Тој го обвини СПАК дека дејствувало по наредба на премиерот Еди Рама, за да ја нападне опозицијата и Партијата на слободата во пресрет на парламентарните избори. Во неговата аудиопорака, ги повикува Албанците на 11 мај да гласаат за „уривање на наркодржавниот режим“.

Мета (56) беше претседател на Албанија во периодот од 2017 до 2022 година, по што повторно застана на чело на партијата Социјалистичко движење за интеграција, чие име го смени во Партија на слободата.

Тричленото судско тело на Врховниот суд не ја смени ниту мерката за пратеничката на Партијата на слободата, поранешната сопруга на Мета, Моника Круемади, потврдувајќи и ја мерката задолжително јавување во Специјалниот суд. Таа е под истрага поради сомнение за перење пари, корупција и непријавување имот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исландскиот глечер Ватнајокул се намалува, климатските промени го забрзуваат топењето

Следно

Пренџов: Битката против корупцијата не е лесна и бара интегриран пристап кој вклучува превенција, казнена одговорност и едукација

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop