БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ДОБИ 78.000 ЕВРА ЗА 4 ПРЕТСТАВИ, ЌЕ РЕЖИРААТ ЦВЕТАНОВСКИ, САБО, МИЦЕВСКИ И ПРОЈКОВСКИ

February 27, 2025
1 min read

Со претставата „Жиголо“ од Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски, Народниот театар од Битола(НТБ) на 28 февруари (во 20ч), ќе ја има првата премиера за годинава, една од десетте кои оваа театарска куќа планира да ги постави во 2025. Четири од нив ќе бидат финансирани од Министерството за култура со 4,8 милиони денари (речиси 78.000 евра), а останатите шест со сопствени средства, дел во копродукција со независни сцени. Од 10 премиери, три ќе бидат праизведби, една детска претстава, две претстави кои се дел од програмата во основните и средните училишта.

Министерството за култура и туризам годинава одлучи 18 национални установи да добијат делегиран буџет.

Во Битолскиот театар, Министерството за култура ги финансира претставите „Црно семе“ po романот на Ташко Георгиевски (праизведба) во режија на Андреј Цветановски, „Кога ние мртвите ќе се разбудиме“ од Хенрик Ибзен во режија Оливер Мицевски, „Магбет“ oд Вилијам Шекспир во режија Иштван К. Сабо од Унгарија, „Госпоѓа Бовари“ од Густав Флобер во режија на Дејан Пројковски. За 11. издание на „Битола Шекспир Фестивал“, Министерството им додели 800.000 денари, а од областа на меѓународна дејност 410.000 денари за гостување со претставата „Галеб“ на фестивал во Ереван, Ерменија.

„Ќе биде голем предизвик 10 премиери во 10 месеци, сметајќи дека месец дена сме на колетивен одмор како институција. Но, сметам дека според екипата и капацитетот што ги поседува Народниот театар од Битола нема друга таква институција која може да го реализира сево ова. И секогаш ми доаѓа една реплика од една претстава ‘На отворено море’ од Благој Мицевски, каде зборувме за ‘Титаник’ гигантот меѓу бродовите. Ако направам паралала, Битолски театар е гинантот меѓу театарите“, рече директорот Васко Мавровски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека во периодот јануари и февруари 2024, НТБ имал 14 изведби и 3.088 посетители, а во истиот период оваа година 20 изведби и 4.880 посетители.

„Бројот на изведбите сме го зголемиле за 107 отсто, а посетеноста на публиката за цели 59 проценти’, рече Мавровски и додаде дека во февуари немало претстава со празно седиште.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грипот сè поприсутен: 36,4% повеќе заболени оваа сезона во споредба со ланската

Следно

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

Latest from Blog

Дешан не им даде слободен ден на Французите пред мечот со Англија

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Селекторот на Франција, Дидие Дешан, одбил да им даде слободен ден на своите играчи пред натпреварот за третото место против Англија, објави „Л’Екип“. Играчите инсистираа на слободен ден за да си

Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати

Возилото излетало од патот, удрило во карпа и се превртело. Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училиштен автобус во источна Уганда, кој се

ВЛЕН: ДУИ со години ја манипулира јавноста – документ од Србија ја открива вистината

ВЛЕН објави соопштение во кое тврди дека официјален документ од Претседателството на Србија ја побива, како што наведува, „пропагандата на ДУИ за српскиот свет“. Од ВЛЕН велат дека ДУИ со денови изнесува,

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор, силни институции и цврсти партнерства

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото, објави на

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите
Go toTop