Зеленски утре во Вашингтон – ќе се потпише ли договорот за американско ползување на украинскиот минерален свет?

February 27, 2025
1 min read

Нова средба на американска и руска делегација. Овој пат домаќин е истанбул а на маса е ставено обновувањето на дипломатските односи меѓу САД и Русија. Ова е втора средба меѓу двете страни по онаа која се оддржа на почетокот на фебруари во Саудиска Арабија, а со која беше прекината политиката на изолација која Вашингтон и Западот ја спроведуваа кон Русија во изминативе три години.

Додека во Турција траат преговорите меѓу САД и Русија, Украинскиот петседател уште еднаш побара безбедносни гаранции за да се спречи можноста руската армија повторно да нападне…

„Гаранциите за мир и безбедност се клучот за спречување на Русија да уништува животи во другите нации. За сите нас ширум светот, е важно да не престане помошта на Америка.“ – Володимир Зеленски претседател на Украина.

Во пресрет на утрешната средба меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски, американскиот претседател му порача на украинскиот колега да не се надева на прием во НАТО. Не е познато каква помош ќе успее да издејствува Украина, но за Трамп, амбицијата на Киев да се приклучи на воениот сојуз, не е разумна.

„НАТО? Заборавете на него. Мислам дека тоа е веројатно причината зошто започна целиот овој конфликт. – Ние нема да даваме безбедносни гаранции, туку ќе бараме Европа да го направи тоа, бидејќи тие се нејзини соседи. Сепак, ќе се погрижиме сè да оди како што треба.“ – Доналд Трамп претседател на САД.

А додека во Европската унија се разгледува можноста за испраќање на мировни трупи во Украина, Дмитриј Песков порача дека Русија нема намера да врати ниту еден дел од окупираната територија. Изјавата на портпаролот на Кремљ доаѓа еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочи дека Русија бара целосна контрола врз четирите региони.

„Тоа се територии кои станаа дел од Русија и се вклучени во нашата државна уставна одредба како неотуѓив дел од Русија. Тоа е факт што ние апсолутно не можеме да го негираме или за тоа да разговараме.“ – Дмитри Песков портпарол на Кремљ.

Според рускиот устав, Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се дел од Русија, иако руските сили не ги контролираат целосно овие региони, а Украина и меѓународната заедница ги сметаат за делови на Украина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЕУ објави листа кој отпад од Еропа може да биде складиран во земјава односно еколошки уништен

Следно

Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании

Latest from Blog

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од
Go toTop