Ердоган: Туркије очекува ЕУ да преземе конкретни чекори за унапредување на односите

February 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије очекува Европската Унија (ЕУ) да преземе конкретни чекори за унапредување на односите, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, јавува Анадолу.

Честитајќи му на Коста за неговото назначување за претседател на Европскиот совет, Ердоган рече дека ревитализацијата на односите меѓу Анкара и Брисел е во заемен интерес на двете страни, се вели во соопштението објавено од Директоратот за комуникации на турското Претседателство на платформата Х.

Ердоган и Коста разговараа и за регионални и глобални прашања, при што турскиот претседател истакна дека би било корисно и во најдобар интерес на сите страни да се планираат чекори за европската безбедност со учество на Туркије.

Турскиот претседател нагласи дека е можен праведен и одржлив мир меѓу Русија и Украина, и дека Анкара работи на воспоставување мир од почетокот на војната меѓу Москва и Киев.

Тој, исто така, го изрази задоволството на Туркије од одлуката на ЕУ да укине одредени санкции против Сирија за да ѝ помогне на земјата разрушена од војната повторно да се изгради.

За време на разговорот, Коста му го честита и роденденот на Ердоган.

Претходно, ЕУ објави укинување на санкциите за енергетскиот, транспортниот и банкарскиот сектор на Сирија со цел да помогне во обновата на земјата по падот на режимот на Башар ал-Асад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италијанските Евреи упатија јавен апел против етничкото чистење во Газа

Следно

ЕУ објави листа кој отпад од Еропа може да биде складиран во земјава односно еколошки уништен

Latest from Blog

Валверде после тепачката заминува во Премиер-лига?

фото: Elite Futbol Talk | EFT (X) Манчестер Јунајтед размислува за изненадувачки трансфер за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, чија иднина во шпанската престолнина стана многу неизвесна. Уругвајскиот

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри
Go toTop