ССМ и бизнисот бараат државата да ги субвенционира придонесите ако се зголеми минималната плата

February 27, 2025
1 min read

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и бизнис секторот се согласуваат дека државата треба да ги субвенционира придонесите за повисоки плати. И двете страни предлагаат мерки за поттикнување на платите, но останува да се види дали Владата ќе ја прифати оваа иницијатива.

Организацијата на работодавачи посочува дека сличен закон за стимулирање на повисоки плати постоел и во минатото и дека би било корисно повторно да се воведе. Според нив, ако минималната плата е 24.400 денари, а работодавачот одлучи да исплати 30.000, тогаш за разликата да не се плаќаат придонеси.

ССМ, пак, предлага минималецот да се зголеми на 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари, работодавачите да бидат ослободени од повисоки придонеси во текот на 12 месеци. Овој модел би важел и за другите плати, не само за минималната.

Сепак, конечната одлука ја има Владата, која засега не се изјаснила дали ќе поддржи субвенционирани придонеси. Премиерот Мицкоски изјави дека Владата ќе ја следи одлуката на синдикатите и работодавачите, но ако не постигнат договор, ќе се примени законското решение за минималецот.

За нови преговори се чека Владата да формира комисија која ќе ја потврди репрезентативноста на ССМ. На следната средба ќе се разговара и за пресметката на синдикалната кошничка, што премиерот ја оспорува.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од Ковачевски, Груби и Андов и да поддржат интерпелација на Коцевски за да се одглават постапките

Следно

Кирил Џајковски со концерт на неговата филмска музика со голем оркестар

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop