ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

February 27, 2025
1 min read

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) најостро ги осудуваат јавните објави на поранешниот уредник на една национална телевизија, Драган Павловиќ Латас, кој во изминатите денови преку приватна страница на социјалната мрежа Фејсбук таргетира новинари од неколку медиуми, злоупотребувајќи приватни фотографии од нивните профили и користејќи ги во своите објави.

Меѓу таргетираните медиуми се Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), 360 степени, БИРН Македонија, како и други организации кои работат на заштита на човековите права.

Во неговите објави, Латас пласира неосновани обвинувања и теории на заговор, чија цел е дискредитација на новинарите и медиумите што професионално информираат за релевантни општествени прашања. Оваа стратегија на таргетирање и јавно стигматизирање на новинарите, кои добиле признанија на национално и меѓународно ниво за својата работа, во мандатите на различни влади, преставува сериозен напад врз слободата на изразување и независното новинарство во државата.

Посебно загрижувачки е што ваквата реторика не само што поттикнува говор на омраза, туку и доведува до сериозни закани кон новинарите, при што новинарките стануваат посебна мета на сексистички и мизогини напади во коментарите под објавите на Латас.

Освен ова, дел од заканувачките коментари под објавите на профилот на Драган Павловиќ Латас се од профили на социјалните мрежи на лица со криминално минато и контроверзни поединци, што ја зголемува загриженоста за безбедноста на новинарите што работат во овие медиуми.

Ги потсетуваме корисниците на социјалните мрежи дека загрозувањето на безбедноста на новинарите е кривично дело, исто како и ширењето говор на омраза, за што македонските судови имаат судска пракса за изрекување строги санкции.

Истовремено, ја повикуваме јавноста да препознае и осуди вакви обиди за дискредитација и загрозување на новинарите, а од надлежните институции – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство – бараме итна реакција и преземање мерки за заштита на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Коцевски ја уништи довербата на граѓаните во правдата, мора веднаш да биде разрешен

Следно

Трајановски поднесе оставка од функцијата заменик-градоначалник на Скопје – Град Скопје: Тој е разрешен пред три месеци

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop