Србија најави 30-дневно одложување на американските санкции за нафтениот сектор

February 27, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека американските санкции кон нафтениот сектор во земјата се одложени за 30 дена, известува Анадолу.

Вучиќ на својот профил на социјалните мрежи сподели официјален документ пратен до Србија од американското Министерство за финансии, во кој се наведува дека САД до 28 март го одложиле спроведувањето на санкциите кон Српската нафтена индустрија (НИС), со која управува руски „Газпром Нефт“.

„Имаме уште 30 дена за НИС. Ова е добра вест за народот на Србија“, наведе Вучиќ во објавата.

Во вестите објавени во националните медиуми се наведува дека одлуката за санкции треба да стапи на сила од ова утро.

Во изјавата дадена од американското Министерство за финансии на 10 јануари се вели дека се преземаат сеопфатни чекори за исполнување на заложбите на Г-7 за намалување на приходите на Русија од енергетиката и дека два од главните руски производители и извозници на нафта, „Гаспром Нефт“ и „Сургутнефтегас“, како и нивните подружници, се додадени на списокот на санкционирани.

На списокот со санкционирани се најде и НИС, која е подружница на „Гаспром Нефт“.

Србија побара 90-дневно одложување од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на американското Министерство за финансии на почетокот на февруари, наведувајќи дека ѝ е потребно време да ги спроведе промените што САД ги побараа за НИС.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љупчо Цветановски со Викторија Трајков во „Наткаст“ за најекспресното извинување во историјата на македонската политичка сцена

Следно

Спасен повреден скијач од Чешка на Шапка

Latest from Blog

Моќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското Море

 Седмата флота на американската морнарица за Си-Ен-Ен (CNN) го потврди инцидентот што се случи на 24 јули. Сериозен дефект во Јужното Кинеско Море Бродот ја изгуби способноста за маневрирање поради дефект на

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога

По години запуштеност, Градскиот стадион во Прилеп повторно е во одлична состојба

Градскиот стадион во Прилеп доби целосно освежен изглед и повторно е подготвен да ги пречека спортските натпревари. ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“, во соработка со Локалната самоуправа, реализираа целосна рехабилитација
Go toTop