Врие пазарот од мед за „мераклии“! – Инспекторатот спие, чекаат приговори и поплаки

February 26, 2025
1 min read

Дали сте слушнале за медот кој ја зголемува потенцијата и го стимулира либидото кај двата пола? Можете да го најдете насекаде низ Македонија, на црниот пазар! ТВ21 посети една од областите каде што лесно може да се најдат такви производи, сомнителни за здравјето.

„Старата скопска чаршија е епицентарот на нелегалната продажба на овие несертифицирани производи, без сертификат и без декларација за нивната содржина. Иако на продажните места се продаваат како билни масла, чаеви и разни медови за слабеење и стимулација, тие не се сертифицирани и се опасни по здравјето на луѓето“, вели репортерот на ТВ21.

Се продаваат како додатоци за исхраната, но всушност лабораториските испитувања откриваат дека се работи за хемикалии и супстанци кои можат да доведат и до смрт. Истражувањето на „Инсајд21“ откри разни пакувања без декларации за содржина, производи кои не смеат да се продаваат во козметичко-прехранбени продавници, освен во лиценцирани аптеки и со лекарска препорака.

Но среде скопската чаршија има поставени тезги со вакви производи. Првично никој не седи до тезгата освен ако некој купувач не се доближи. Еден од продавачите не сакаше да зборува пред камера но ни раскажа дека овие производи се меѓу најбараните.

„Имаме и неколку работи за потенција, целосно био, нема нешто забрането…“

Од каде доаѓаа медот или што се?

„Генерално доаѓа од Турција, има и од Пакистан и Индија, дел и ние самите пакуваме, ова е нашата компанија 4N-Bio-Style,  има шампони од Тајланд“.

Дали се со декларација?

Дали може да отвориме едно да видиме како изгледа?

„Не знам кое, еве овие се проверени, пакетирани“.

Дали се напишани и на македонски?

„Не, овие доаѓаат од Турција“.

Додека овие пакети доаѓаат од разни држави, се поставува прашањето како поминуваат на Царина и зошто не се спречуваат?

Од АХВ се свесни за ваквите продажби на пазарот, козметичко-прехранбени продавници, „Секс Шопови“ но и онлајн. Во рамките на АХВ има сектор за истрага на измами, кои излегуваат на терен по одредена констатација или пријава од правен субјект или физичко лице, но не делуваат за целосно уништување од црниот пазар.

Побаравме објаснување и од Пазарниот инспекторат зошто не преземаат акции за отстранување на овие производи. И покрај тоа што на нивна надлежност е токму работењето на правните и физичките лица кои продаваат производи на црно без декларации, велат дека акцијата треба да биде во координација со АХВ, кои се надлежни за квалитетот и безбедноста на прехранбените производи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штипски ученици ја одбележаа борбата против булингот со марш во розеви маички

Следно

Меџити: Гасификацијата ќе го ублажи загадувањето за 50 до 70 %

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop