Зеленски: Украина не прифаќа ниту 10 центи враќање на долгот во договорот со САД

February 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Киев нема да прифати ниту „10 центи отплата на долгот“ во договорот со Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

„Прашањето не е дека сме неблагодарни. Ние сме благодарни. Но ако следниот договор содржи услов дека новата помош нема да биде бесплатна, јас нема да ‘играм’“, рече тој.

Зеленски ги негираше и тврдењата дека договорот за минералните ресурси вклучува какви било големи долгови.

„Нема долг од 500 милијарди долари, ниту 350 милијарди долари, ниту 100 милијарди долари. Тоа би било неправедно кон нас“, изјави украинскиот претседател.

Зеленски потврди дека договорот не бара ратификација и ја нагласи важноста на одржувањето на воената сила на Украина. „Јас ќе ја задржам армијата таква каква што е бидејќи тоа е најдобра гаранција за безбедноста“, нагласи тој.

Истакна дека договорот вклучува „најмалку спомнување“ на безбедносните гаранции за Украина во 10. точка и додаде: „Официјалните претставници ме информираа и тоа е таму. Ова е важно.”

На прашањето за можното патување во САД во петок, Зеленски рече дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон: „Има покана. Надлежните работат. Чекаме да видиме кога и што“, рече тој.

Украинскиот претседател рече дека договорот може да биде голем успех или, пак, да остане незабележан и додаде: „Големиот успех зависи од разговорот со Трамп.“

Тој не ја разгледал финалната верзија на договорот, но рече дека украинските власти го гледаат тоа позитивно.

„Тие велат ‘може да успее’. Сè уште не сум ја видел конечната верзија, но клучните прашања што ги поставив се таму. И украинскиот и американскиот тим работеа добро“, нагласи Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крунски доказ, зошто треба да се распуштат: Судски совет ја оправда пресудата на колешката за убиецот на Фросина

Следно

Вардар преку Силекс до полуфиналето на Куп на Македонија

Latest from Blog

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop