Во март ќе се потпише договорот, „Рапид билд“ за 60 милиони евра ќе го гради интерконекторот со Грција

February 26, 2025
1 min read

Кумановската компанија „Рапид билд“ за 60 милиони евра ќе го гради интерконекторот за природен гас со Грција. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Европските банки дале зелено светло за компанијата, а очекува договорот да се потпише во март. Како што објави ТВ 21 Рапид Билд имаше најниска понуда на тендерот на кој се пријавија вкупно 5 компании.

„Конечно очекуваме во март месец да биде потпишан договорот за интерконекторот со Грција, веќе тендерската процедура заврши, имаме компанија која што има најевтина цена, најдобра понуда. Имаме зелено свело од банките кои што го финансираат проектот ЕИБ и ЕБРД, така што очекувам и од тука да влеземе со една можност, а тоа е конечно јужниот интерконектор да биде функционален и оперативен“, рече Мицкоски.

Сопственикот на „Рапид Билд“ Тони Каранфиловски за ТВ21 вели дека се подготвени изградбата да започне веднаш по потпишувањето на договорот и воведување во работа.

„Минатата недела веќе добривме и официјална потврда. Подготовките за потпишување на договорот се во тек. Рапид Билд ќе отпочне со градежните работи веднаш по потпишувањето на договорот и воведување во работа“, изјави Каранфиловски.

Интерконекторот е со должина од 123 километри, а македонскиот дел е 67 километри – од Гевгелија до Неготино.

Од Номагас, по затворањето на тендерот, соопштија дека компанијата која ќе биде избрана ќе има рок од две години за изградба на македонскиот дел од интерконекторот. Ова беше втор обид да се избере компанија за изградба на интерконекторот. Претходно, тендерот беше поништен,откако Европските банки не дадоа зелено светло. Најниската цена тогаш беше 71 милион евра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМСКИ ХИТ „ГРОФОТ ОД МОНТЕ КРИСТО“ НА 7 МАРТ СЕ ОТВОРА МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО СКОПЈЕ

Следно

Чашуле: Од кога подршката за САД стана грев?! (ВИДЕО)

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop