Драма: Се тресе ли столчето на Богданка Кузевска во СДСМ, по редицата импровизации и неубедливи настапи во јавност?

February 26, 2025
1 min read

Во текот на вчерашниот ден портпаролот на СДСМ Богданка Кузевска имаше свое несвојствено појавување во јавност од платото пред Владата на Република Македонија, каде очигледно вознемирена со сериозно вознемиран глас се обиде да протне теми во јавност кои што многу бргу по само неколку часови се покажаа како неосновани, пишува Брегалнички.мк

Имено Богданка Кузевска која до неодамна граѓаните можеа да ја гледаат со сериозно ниво на самодоверба од партискиот пулт и гламурозната атмосфера во прес центарот на СДСМ на Бихаќка, вчера во целосно разнишана самодоверба, воздишки и трепет во гласот се обиде да алармира за “скандалот со вицепремиерот Меџити” преку достава до владата на некакви документи од други институции кои преку свиркачи биле доставени до СДСМ според Кузевска.

Проблемот со вчерашната прес конференција на Богданка Кузевска од платото пред Владата е повеќе слоен:

Зошто свиркачи имаат потреба да ги доставуваат документите до СДСМ кога тоа се официјални јавни институционални документи кои што било кој граѓанин може да ги провери?

Природата и менаталитетот на кодоши се уште работи кај малкумина функционери во СДСМ па преку вакви медиумски конструкции мислат дека ќе постигнат некаков политички поен во јавност.

Со месеци СДСМ безуспешно се обидува да излезе од калта на неспособност, незнаење и ретроградност преку јалови прес конференции кои што немаат никаква суштина и сериозно влијание во секојдневниот живот на граѓаните, за што најдиректно е заслужна никој друг туку самата Богданка Кузевска. А таа тоа најдобро го осеќа и во предвечерие на изборот на Венко Филипче за нов 4 годишен мандат на претседателското место во СДСМ, се обидува да си купи платичка за периодот кој следи, па оттаму и потребата за вакви драмолетки пред влада. Ама по се изгледа попусто затоа што од владата веднаш излегоа со негирање на сите нејзини квалификации и обиди за конструкции.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски: 21 – година од смртта на претседателот Борис Трајковски, вистински лидер и визионер за единство и мир!

Следно

Која е Казанчи холдинг, групацијата која сака да инвестира милијарда евра во енергетиката

Latest from Blog

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат,

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на
Go toTop