ЕК ја поддржа позицијата на Рим за дефинирање на „безбедна земја“ во процесот за мигрантските центри во Албанија

February 26, 2025
1 min read

Европското законодавство овозможува земјите членки на ЕУ да прогласат одредени држави за „безбедни“, дури и само за одредени точно дефинирани мигрантски групи, се наведува во мислењето на Европската комисија доставено до Европскиот суд на правдата во врска со Договорот за дислокација на мигранти склучен меѓу Италија и Албанија.

Со ова практично Еврокомисијата ја поддржа позицијата на Рим во постапката што се води пред Европскиот суд на правдата за законитоста на овој Договор, со кој на Италија и се овозможува да ги сместува мигрантите пресретнати во водите на Средоземното Море во прифатни центри во Албанија во местата Шенѓин и Ѓадер.

Постапката се фокусира на толкувањето на принципот „безбедна трета земја“, кој Италија во судскиот процес го користи за да го оправда префрлањето на мигрантите во Албанија.

Правната застапничка на Италија во процесот, Флавија Томат пред Судот тврдеше дека правото на ЕУ им дозволува на земјите членки да прогласат една држава за безбедна „дури и ако таа не мора да биде целосно безбедна, туку само за одредени категории мигранти кои се јасно дефинирани“.

Случајот се најде пред Европскиот трибунал, откако претходно Суд во Рим ја оспори легитимноста на ваквото толкување. Италијанскиот суд побара од Судот на правдата да оцени дали со националното законодавство може една земја да биде „прогласена за безбедна“ и дали „се уште може да се смета за безбедна и покрај заканите кон одредени групи“.

Центрите во Албанија, каде мигрантите би биле сместени додека се разгледуваат нивните барања за азил во Италија, беа отворени на 11 октомври минатата година, но тие останаа празни, откако Судот во Рим ја оспори легитимноста на италијанско-албанскиот Договор.

Организација МедиХоспес, која е задолжена за раководење на центрите, на почетокот на месецов на своите над сто вработени им испрати допис дека се „отпуштени до следното известување“.

За надминување на правниот спор, италијанската Влада изминативе недели најави идеја за пренамена на објектите во Албанија во „центри за репатријација“.

Според оваа идеја, во центрите во Албанија би биле сместени илегални мигранти кои од претходно се дојдени во Италија, како и оние кои чекаат депортација од земјата. Меѓутоа, ова засега останува на ниво на идеја и не е донесен никаков официјален заклучок или законски предлог во тој правец.

Конечната пресуда на Европскиот суд за правдата во врска со овој случај се очекува во мај или јуни годинава, а во меѓу време на 10 април главниот правобранител на ЕУ треба да го изнесе своето мислење за италијанските прифатни центри во Албанија. Иако мислењата на правобранителот не се обврзувачки, тие често имаат влијание врз судските одлуки.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прекрасна глетка на Њујорк при зајдисонце

Следно

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари

Latest from Blog

„И екологија и рударство“: ЕУ поддржува нови проекти, Иловица со фонд од 30 милиони евра за рекултивација

Европскиот пристап кон критичните минерали покажува дека развојот на рударството и заштитата на природата не мора да бидат спротивставени цели. Доказ за зголемениот интерес е вториот повик на Европската Унија за финансиска

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

Европската Унија подготвува нов, најобемен пакет санкции против Русија од почетокот на војната во Украина, кој се очекува да биде претставен оваа есен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, најави

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. Проданоски, кој е во
Go toTop