Ружин во 24 анализа: Македонија се најде во непријатна ситуација, од една страна имаме европски амбиции од друга САД ни се стратешки партнери

February 25, 2025
1 min read

Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин во 24 анализа рече дека коспонзорирањето на американската резолуција за Украина ја стави Македонија во непријатна ситуација. Според него, со доаѓањето на Трамп светот ќе има голема трансформација која треба да донесе мир.

„Европската резолуција бараше Путин да се прогласи за диктатор и руските сили да се повлечат од окупираните територии, другата, резолуцијата на САД повеќе беше насочена да се добие мир без да ги нагласува овие два елементи. Затоа што според оценките на новата администрација на Трамп првата резолуција водела кон војна, нема мировен епилог а втората водела кон мир и денеска се случи да светот повеќе не зборува за војна туку за мир, сите зборуваат за мировен процес кој ќе го развива Трамп. Резолуцијата беше усвоена од 10 држави членки на Советот за бнезбедност. Македонија се најде во непријата ситуација затоа што од една страна имаме европски амбиции од друга страна САД се сојузник“, рече Ружин.

Тој зборуваше и за трансформацијата на светот со доаѓањето на Трамп и неговата администрација.

„Светот се трансформира поради од една страна негативните ефекти на гобализацијата со една неразчистена позиција на југ и исток, кои се споија и оправданпо се бунат против имепријализмот на западот и тој револт постои и доаѓа Трамп кои тие работи ги забрзува, доаѓа со мировна програма чија цел е да ја освои Кина од Русиоја затоа што оној што владее со Евроазија тој владее со светот и доаѓаме до Трамп. Тој разви и ја испреплете геополитиката и геоекономијата, геополитиката за да ги одвои Русиоја од Кина а економската да придобие пари“, додаде Ружин.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рафајловски во 24 анализа: Македонија треба да ја држи линијата на Европската унија

Следно

Полска му врачи отказ на Марсин Лијевски

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop