Рафајловски во 24 анализа: Македонија треба да ја држи линијата на Европската унија

February 25, 2025
1 min read

Поранешниот амбасадор во Германија, Горан Рафајловски во 24 анализа рече дека Македонија треба да ја држи линијата на Европската унија. Според него, грешка на Европа е во тоа што слепо ја следи американската политика.

„Македонија треба да ја држи линијата на ЕУ политички и тоа не исклучува да се водат контакти со САД. Македонија не игра доминанта улога во геополитиката. Нашето место географски и политички е во ЕУ и такви ад хок потези кои ги правиме се феномен на мало дете кое се чувствува навредено, промена на име, на знаме, на устав. Тоа се ад хок решенија и рекација, незрела рекација и во таа насока сметам дека Македонија како да нема дипломатска стратегија каде би се движела во наредните 15- 20 години. Нашата дипломатија треба да е независна. Мојот став е дека треба да ја држиме позицијата на ЕУ“, изјави Рафајловски.

Тој зборуваше и за тоа дека Европа слепо ја следи американската политика и поради тоа има недостаток на самостојни и дипломатски решенија.

„Грешката на Европа е во тоа што речиси слепо ја следи американската политика и ми се чини дека недостаток на европската политика е самостојни и дипломатски решенија и тоа се покажа како фатално во следењето на политиката на Џо Бајден сега доаѓа Трамп и се менува надворешната политика на САД и во принцип може да делува несиомпатичен или симпатичен, мене ми е симпатичен дека се обидува да воведе трендови“, додаде Рафајловски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински во Чаир: Заедно продолжуваме да градиме побезбедна и поинклузивна општина за сите нас

Следно

Ружин во 24 анализа: Македонија се најде во непријатна ситуација, од една страна имаме европски амбиции од друга САД ни се стратешки партнери

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop