Мицкоски: Советот на јавни обвинители треба да го слушне гласот на граѓаните за разрешувањето на Коцевски

February 25, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува Советот за јавни обвинители на Република Македонија (СЈОРМ) да го слушне гласот на граѓаните во врска со разрешувањето на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

На прашањето дали доколку СЈОРМ даде негативно мислење за разрешувањето на Коцевски ќе се смета за политичко разрешување и поради кои причини се бара разрешување, премиерот одговори дека причините ќе бидат образложени во Собранието.

– Ќе ги образложиме сите причини кога процедурата ќе биде во Парламентот. Јас не бил претпоставувал кое би било мислењето на СЈОРМ, имајќи предвид дека граѓаните имаат историски најниска доверба во правосудниот систем и јас не очекувам дека СЈОРМ ќе биде заробеник на некои центри на моќ, а нема да го слуша гласот на граѓаните. Доколку граѓаните велат дека довербата во правосудниот систем е два проценти, тогаш очекувам истите тие, кои што се платени со пари од граѓаните, да го слушнат нивниот глас и да донесат одлука каква што очекуваат граѓаните. Во спротивно, ќе мора парламентот да дискутира и дебатира и тогаш ќе ги слушнете сите аргументи, рече премиерот во изјава медиумите по денешната прес-конференција со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата која изразува интерес за инвестиција во енергетиката од милијарда евра.

Во врска со можната кривична одговорност на Коцевски за изнесување информации од судски постапки, како што беше наведено во предлогот на Министерството за правда, Мицкоски рече дека треба да се повикаат на Уставот за да се констатира каква било кривична одговорност.

-Тука треба да се повикаме на Уставот и за да констатираме каква било кривична одговорност, ќе треба правилно да го читаме Уставот и потоа да носиме заклучоци. Но, факт е дека граѓаните имаат најниска доверба во правосудниот систем и како таква ние мора да ја лоцираме. Не можеме да зборуваме во метафори, или да зборуваме дифузно, мора јасно да ја лоцираме одговорноста зошто е тоа така. Доколку првите луѓе немаат одговорност, не знам кој е тој што би требало да има, рече Мицкоски.

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. По завршување на владините процедури, предлогот ќе биде испратен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена. Ако Советот од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. По добивање на мислењето од СЈОРМ, Владата го доставува предлогот за разрешување до Парламентот, кој ја носи конечната одлука. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

Следно

Прентоска во Аргумент плус: Немаме одземено ниту една лиценца на сметководителите, тоа е дисциплинска мерка за времено бришење од регистар

Latest from Blog

Путин предложи директни мировни преговори без предуслови со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин доцна ноќта кон неделата предложи директни мировни преговори со Украина на 15-ти мај во Истанбул. Путин се обрати до јавноста неколку часа по завршувањето на еднострано прогласениот тридневен

Времето денеска променливо облачно

Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска
Go toTop