Владата на Мицкоски „слепа при очи“ за документите на СДСМ за Меџити, тврди дека министерот бил „чист како солза“

February 25, 2025
1 min read

„Скандалозно и истовремено комично е што Мицкоски за „пет минути“ ги проверил доказите кои СДСМ ги достави за Изет Меџити. Повеќе од јасно е дека тој го штити Меџити и се прави слеп за докази кои се јасно потврдени од институциите на државата“, пишува во партиското соопштение на СДСМ, откако Владата експресно одговори дека Меџити бил „чист како солза“, во врска со приложените докази наведени од Државниот управен инспекторат.

Повикувајќи се на документите коишто ги поседуваат, од СДСМ велат дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето и ги одзел ингеренциите на Меџити да потпишува административни документи. СДСМ поднесе документи до Владата со обвинувања дека вицепремиерот Изет Меџити ја злоупотребувал положбата и потпишувал документи иако ги изгубил таквите ингеренциите.

„Непобитен факт докажан од државна институција е дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети надвор од своите надлежности. Повеќе од јасно е дека со ова сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните кои побаруваат дозволи и лиценци од министерството кое го води“, обвинуваат од СДСМ.

Во експресниот одговор, стокмен за еден час, Владата на Мицкоски, тврди дека ‘ги проверила и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање и тврди дека нема злоупотреба на службената положба на Меџити’.

„Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење. Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади“, одговараат од Владата.

За СДСМ, скандалозниот одговор е доказ кој потврдува дека Мицкоски е заложник на Изет Меџити и неговите политики.

„Прво криеше дека Меџити има планирано 3.000 партиски вработувања додека списоците за вработувањата веќе на големо се споделуваат по социјалните мрежи. Сега го крие и штити за скандал и прекршување кое го потврдил со документи Државниот управен инспекторат. Мицкоски, кој тврдеше дека ќе бара одговорност од секој функционер кој се огрешил, денеска по кој знае кој пат си го погази ова ветување. СДСМ му даде шанса да докаже на дело дека се залага за владеење на правото и почитување на процедурите и да побара одговорност од Изет Меџити, но тој реши да го штити. Со што го задолжил Меџити Мицкоски за вака да се брука? При јасни докази наведени од Државниот управен инспекторат Мицкоски се прави слеп“, велат од СДСМ.

Опозициската СДСМ информира дека до ДКСК ќе ја достави целата документација за „работењето“ на вицепремиерот и министер за животна средина Меџити и ќе бара Антикорупциска да поведе постапка. СДСМ исто така бара обвинителството итно и неодложно да постапи по допрен глас за овој голем скандал.

Меџити за ваквите обвинувања вели дека одлуката на Државниот управен инспекторат е обжалена и демантира дека му биле одземени ингеренции. Тврди дека таквото работење било воспоставена пракса од претходната власт.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

Следно

На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop