Метелко-Згомбиќ: Хрватска може на Украина да и го пренесе своето „одлично искуство“ за реинтеграција на територијата

February 25, 2025
1 min read

Хрватска може многу да и понуди на Украина кога станува збор за реинтеграцијата на нејзините територии, врз основа на „одличното искуство“ со реинтеграцијата на својата територија во 90-те години на минатиот век, изјави денеска хрватската државна секретарка за Европа, Андреја Метелко-Згомбиќ пред почетокот на заседанието на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел.

– Можеби сте заборавиле, но во тоа време речиси една третина од Хрватска беше окупирана од Милошевиќ и српските сили. Два дела успеваме да повратиме по пат на сила и затоа поседувањето сила е, исто така, многу важен дел од целото решение, но третиот последен дел успеавме да го реинтегрираме мирно и тоа беше одлична многу успешна мировна мисија на ОН, нагласи Метелко-Згомбиќ.

На прашање дали ЕУ се уште го смета и Полуостровот Крим за дел од украинската територија, хрватската државна секретарка истакна дека кога се говори за Украина и проширувањето, Унијата планира да се прошири со „Украина таква каква што е“.

– Мислам дека тоа ќе зависи од мировната спогодба во која навлегуваме и ќе овозможи влез на Украина (во ЕУ) со нејзината територија, и она која е под нејзина контрола и она врз која има цел да преземе контрола подоцна, додаде Метелко-Згомбиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Н1: Се зголемуваат тензиите пред утрешното изрекување на пресудата за Додик

Следно

Вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: СДСМ зборува за аматеризам во надворешната политика?! (ГАЛЕРИЈА НА БЕЗРБЕТНОСТА)

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop