Ревизорите откриле проблеми во инспекцискиот надзор на Државниот просветен инспекторат

February 25, 2025
1 min read

Ревизија на Државниот просветен инспекторат открила сериозни слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и воспитно-образовните установи. Се наведува дека не се вршени редовни инспекции од 2019 година, а екипираноста на инспекторатот е недоволна.

Проблемите вклучуваат недостиг на инспекции, кадровски слабости и неизвршување на препораките од претходните ревизии, што создава ризик за неефикасно функционирање и неисполнување на законските обврски.

Недостигот на контрола врз процесите на прием, сместување и евидентирање на студентите, како и намалената ефикасност во оценувањето на образовните институции, резултирале со недостаточна контрола.

Државниот просветен инспекторат има обврска да врши инспекциски надзор најмалку еднаш годишно, но ревизијата покажала дека последниот надзор бил извршен во 2019 година, без нови контроли или извештаи.

Дополнително, од 138 систематизирани работни места, пополнети се само 100, што значи дека една третина од потребниот кадар е незафатена. Најизразен недостиг има во Секторот за инспекциски надзор, особено во општините Охрид, Гостивар, Кавадарци и Ресен, поради пензионирање на инспектори.

Ревизијата открила и дека некои од нововработените инспектори не ја завршиле неопходната обука, што носи ризик за грешки и слабости во работењето.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО ОД ТЕРЕН: За 63 % намалени сообраќајките со тешки повреди – Колку контроли се потребни да се намали НЕкултурата?

Следно

Меџити: Административна или архивска работа не може да се прикаже како голем скандал

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop