ВИДЕО ОД ТЕРЕН: За 63 % намалени сообраќајките со тешки повреди – Колку контроли се потребни да се намали НЕкултурата?

February 25, 2025
1 min read

Засилени сообраќајни контроли спроведува Министерството за внатрешни работи од почеток на месецов. Фокусот е на главниот ред, но контроли има низ целата држава. Иако статистиката говори дека состојбата со сообраќајната култура и почитувањето на правилата и прописите се подобрува, сепак потребно е уште многу да се направи.

Курир дојде до детална анализа која обработува десетдневен период на почеток во месецов, а која се однесува на сообраќајните контроли спроведени во Скопје.

Значајно е да се истакне дека во овој период бројот на сообраќајни несреќи во главниот град е намален за речиси 30 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Од вкупниот број сообраќајни несреќи (107), за 63,6 проценти има намалување во однос на последиците со тешки телесни повреди, а за 16 проценти на несреќите со телесни повреди. Најважно е дека човечки жртви нема, а бројот на сообраќајки кои завршиле со материјална штета бележи намалување за 20 проценти.

Брзото возење и натаму е лидер меѓу прекршоците кои ги прават возачите. Следува непрописното запирање или паркирање. Во наведениот период во Скопје биле констатирани 3.965 прекршоци од кои 37% или 1.474 биле за брзо возење, а 22% или 882 за непрописно запирање или паркирање.

Она што како интересно се издвојува е периодот од денот во кој се регистрираат овие прекршоци. Согласно анализата, во утринските и попладневни часови најголем дел од прекршоците се за непрописно запирање или паркирање, додека многу помал е бројот на регистрирани прекршоци за брзо возење. Веќе во доцните попладневни и вечерни часови ситуацијата драстично се менува. Дури 89% од прекршоците се однесуваат на брзо возење, а само 10 отсто се за непрописно запирање или паркирање.

Поголема сообраќајна култура, како учесници во сообраќајот, мора да имаат и пешаците. Однесувањето во сообраќајот и почитување на правилата е двонасочна улица, важи и за возачите и за пешаците, за велосипедистите, управувачите на електрични тротинети.

Статистиката на полицијата говори дека од почеток на февруари до вчерашниот ден казнети се 160 пешаци.

Екипата на Курир, денеска во 15 минути на улицата „Франклин Рузвелт“ регистрираше 10 преминувања на улица од страна на пешаци на необележан пешачки премин и непрописно запирање. На крстосницата со булевар „Партизански одреди“ забележавме група млади лица кои минуваат на пешачки премин на црвено светло.

Од почеток на месецов заклучно со 20 февруари на територија на Македонија, при извршените сообраќајни контроли издадени биле вкупно 18.132 платни налози. Најголем дел се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање – 4.213 и возење без возачка дозвола – 1.510.

До сите нас е.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полска крена воени авиони по тревога за воздушни напади над Украина

Следно

Ревизорите откриле проблеми во инспекцискиот надзор на Државниот просветен инспекторат

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop