„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

February 25, 2025
2 mins read

„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. Како солистка ќе настапи Селина От на труба (Австрија), а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.

На програмата се два концерти за труба и оркестар од Томази и Хајдн, а на програмата се Симфонијата бр.2 од Јоханес Брамс.

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнал да изучува музика, а потоа студирал флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрирал во Израел, каде што дипломирал на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим, под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски бил избран од страна на славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“. Тогаш ја добил и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел.

По турнејата во поранешниот Советски Сојуз (СССР), која за него била значајна во кариерата, во 1991 година станал уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски, овој оркестар прераснал во еден од најпопуларните симфониски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 1998 до 2004, маестро Шаровски раководел и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Жанеиро, со кој остварувал турнеи во Бразил и во Европа и снимил четири цедеа. Во тој период, Шаровски го формирал Младинскиот симфониски оркестар на Бразил, кој станал еден од најпознатите ансамбли во земјата. За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф диригент на Македонската филхармонија.

Селина От е добитничка на наградата „Opus Klassik“ во 2021 година, за нејзиниот дебитантски албум „Концерти за труба“, заедно со Радио-симфонискиот оркестар на Виена и диригентот Роберто Патерностро. Како прва жена во седумдесетгодишната историја на Меѓународниот музички натпревар „ARD“, Селина От ја освоила Првата награда во категоријата труба на само 20 години, во 2018 година. Тоа е и една од причините потоа да биде поканета да настапува со водечки оркестри, како WDR симфонискиот оркестар, Чешката филхармонија и Германскиот симфониски оркестар Берлин. Таа веќе има настапувано и со Симфонискиот оркестар на Маринскиот театар под водство на маестро Валери Гергиев, со Фестивалскиот оркестар на Будимпешта со маестро Иван Фишер, со Виенскиот симфониски оркестар, Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена, Кралскиот филхармониски оркестар на Лиеж… Како солистка, Селина От настапувала во престижни концертни сали како виенскиот Концертхаус, Музиквереин во Виена, Филхармонијата во Берлин, Филхармонијата во Келн, Филхармонијата во Есен, Филхармонијата во Луксембург… Во 2022 година, Селина се стекнала со звање магистер по уметности, во класата на Роман Риндбергер, на Универзитетот за музика и уметности во Виена. Била наградена со почесната награда на Федералното министерство на Република Австрија за образование, наука и истражување. Во 2021 година премиерно го извела Концертот за труба „Утопија I: Чудни спирали“ на австрискиот композитор Томас Вали, на отворањето на фестивалот „Виен Модерн“ со Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена, а под диригентската палка на Марин Алсоп во виенскиот Концертхаус. Во март 2022 година, таа објави уште еден, трет албум во соработка со Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена за „Орфео“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за работата на Меџити

Следно

Засилени сообраќајни контроли: Вчера санкционирани 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

Latest from Blog

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан
Go toTop