Ердоган: Само Туркије и нејзиното членство во ЕУ може да ја спаси Европа од ќорсокакот во економијата и одбраната

February 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Само Туркије може да ја спаси ЕУ од „ќорсокакот во кој западна“ за прашања, вклучително и економијата и одбраната, истакна денес претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Туркије и нејзиното полноправно членство во ЕУ може да ја спасат Европската унија од нејзиниот ќорсокак, почнувајќи од економијата до одбраната, од политиката до меѓународната репутација, да обезбеди ‘живот’ за европската економија и демографската структура која брзо старее“, истакна Ердоган во телевизиско обраќање по состанокот на владата во главниот град Анкара.

Ердоган рече дека либералната демократија, „најпримамливата идеологија“ на минатиот век, се наоѓа во сериозна криза, а празнината ја пополнуваат „екстремно десничарските демагози“, алудирајќи на неодамнешните изборни победи на екстремната десница во Европа.

– Западот падна на тестот на човечноста

Осврнувајќи се на тековниот геноцид што Израел го спроведува врз палестинските територии, турскиот претседател рече дека западните лидери и организации, кои го гледаа масакрот врз повеќе од 61.000 цивили, главно жени и деца, паднале на тестот на човечноста во Газа.

– Туркије ја поздрави решеноста на Трамп да стави крај на војната во Украина

Ердоган изјави дека Анкара ја поздравува намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја реши руско-украинската војна преку „начелни разговори“, изразувајќи ја подготвеноста на Анкара да го поддржи патот кон траен мир, вклучително и да биде домаќин на преговорите.

„Пристапот за завршување на војната на преговарачката маса се усогласува со политиката што Туркије ја спроведува во изминатите четири години“, рече претседателот Ердоган.

Тој наведе дека Туркије сака да заврши војната која чинеше стотици илјади човечки животи и предизвика и Русија и Украина да платат висока цена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Погледнете како изгледа новиот проект на охридскиот аеродром

Следно

Костадинов во Аргумент плус: Профитот на компаниите е поголем поради зголемениот обем на потрошувачка

Latest from Blog

Британија сака да го санкционира Израел, од таму одговорија: Ќе ги признаеле Фокландските острови за аргентински

Реакцијата следеше по медиумските извештаи дека Лондон се подготвува да воведе нов пакет санкции против Израел. Остри одговори од израелските министри Министерот за финансии Безалел Смотрих побара итно протерување на британскиот амбасадор.

Проданоски: Со дела, а не само со зборови, ја градиме Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.

Нов проблем за Интер и Милан!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Проектот за нов заеднички стадион помеѓу Милан и Интер Милан наиде на уште еден проблем. Општина Милано се соочува со судска постапка поради продажбата на земјиштето околу иконскиот стадион “Сан Сиро“

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа
Go toTop