„25 инфраструктурни во 2025-та во Чаир“ – Ганиу: Не е предизборна кампања, ги добивме средствата

February 24, 2025
1 min read

Градоначалникот на општина Чаир претстави неколку инфраструктурни проекти. Главните проекти опфаќаат реконструкција на 4 улици.

Во соопштението се споменува и салата Партизан и реконструкција на фудбалското игралиште на стадионот на Чаир, а како што се вели, во завршна фаза е и подготовката на техничката документација за целосна реконструкција на паркот во Чаир.

На прашањето дали ќе се реализираат сите овие проекти во текот на годината, Ганиу одговори:

-Не, не е предизборна кампања затоа што ги добивме средствата наменети за 2024 година, значи распишан е огласот за јавна набавка, избрани се операторите. Има над 25 проекти и по таа формула имаме право на околу 9 милиони евра. Имаме проекти од 10 милиони евра, можеби некој од тие проекти треба да се отфрлат, или ако има волја од владата, на друго место недостигаат проекти и не можат да ги дадат сите средства, тогаш имаме можност, односно сите проекти да бидат одобрени, изјави Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Вкупната вредност на овие проекти изнесува 28,6 милиони денари (465.240 евра) и ќе бидат финансирани од Владата на Република Северна Македонија во рамките на проектот „250 милиони евра за општините“.

Ганиу се пожали на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, бидејќи како што рече, Градот Скопје од жителите на Чаир инкасирал 18 милиони евра од даноци, додека Градот во оваа општина не инвестирал ниту 1 милион евра.

-И од 2020 година наваму, Град Скопје собира или акумулира средства, или генерира од општина Чаир од даноци и сите видови комуналии, некаде над 18 милиони евра, додека досега не е инвестирано ни милион, бројката не достигна ни еден милион евра колку што е инвестирано за овие 3 и пол години, и ова е целосна дискриминација, изјави Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

Градоначалничката Данела Арсовска со противодговор велејќи дека општинските такси се пропорционално поделени меѓу Град Скопје и општината.

Ганиу и Арсовска честопати се обвинуваат меѓусебно а истото го направија и за проширувањето на улицата Јахја Паша за која никако да се најде решение.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ПОЧИНА АМЕРИКАНСКАТА АРЕНБИ ПЕЈАЧКА РОБЕРТА ФЛЕК

Следно

ВИДЕО: Погледнете како изгледа новиот проект на охридскиот аеродром

Latest from Blog

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години – тврди еден од лекарите со најдолг животен век. Овој необичен настан се случил кога Фјодор Ковал имал 96 години. „74-годишен пациент дојде

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop