Славјанка Петровска: Како демократски општества не смееме да ја оставиме Украина сама

February 24, 2025
1 min read

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денес присуствуваше во Делегацијата на ЕУ, во Скопје, каде имаше свој говор, и каде втора година по ред, се одржува настан во сеќавање на 24 февруари, кога во 2022 година, почна руската инвазија врз Украина.

„Како демократски општества не можеме и не смееме да ја оставиме Украина сама. И тогаш и денес, ќе бидам гласна во повикот дека поддршката и помошта која ја даваме на Украина мора да биде повидлива и пореална. Затоа што не смееме да заборавиме дека и тогаш и сега, Украина е живиот штит на Европа“, рече Петровска, во својот говор.

Според Петровска, Македонија помина низ тешки политички и економски предизвици, па дури и безбедносни и затоа како држава, длабоко ја разбираме важноста на меѓународната солидарност и поддршка.

„Лично јас, верувам и сите ние, ги поддржуваме сите дипломатски напори кои имаат за цел постигнување на праведен и траен мир – мир што ќе биде во согласност со меѓународното право и волјата на украинскиот народ. Иднината на Украина е иднина на Европа. Наша заедничка одговорност е да обезбедиме сигурност и одржливост на одлуките кои ќе бидат донесени“, рече во својот говор, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Таа се осврна и на прашањето кое деновиве се поставува, а тоа е: дали Путин победува.

„Тоа не е затоа што му е грижа за илјадниците загинати од двете страни, туку затоа што знае дека војната е изгубена. Она што требаше да биде 48 часовна инвазија и освојување на Киев, се претвори во 3 годишен отпор, решителност, храброст и одлучност. Затоа нашата поддршка за Украина не смее да престане, и сите ние заедно мора да останеме со Украина до крај. Затоа што денес, Украина не само што се брани од агресијата, туку се бори и за принципите врз кои почива мирот во Европа“, рече Петровска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Димитриеска-Кочоска и Ристовски дел од панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“

Следно

ПОЧИНА АМЕРИКАНСКАТА АРЕНБИ ПЕЈАЧКА РОБЕРТА ФЛЕК

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop