Димитриеска-Кочоска и Ристовски дел од панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“

February 24, 2025
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски беа дел од панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“ во организација на специјализираниот портал за ракомет Саморакомет.мк.

Стратегија, визија, инфраструктурни проекти и форми на финансирање на државата во спортот, поконкретно во ракометот, беа темите на кои министрите ги изнесоа своите ставови и одговараа на важни прашања поставени од присутните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска нагласи дека спортот е една од сферите на кои оваа Влада посветува посебно внимание и дека буџетот за спортот за 2025 е три пати поголем во однос на средствата што биле издвоени во 2019 година.

-За мене уште пред да станам министерка, во континуитет ми беше важно државата да има квалитетно образование и да има добар спорт. Како резултат на тоа, буџетот за спортот годинава е двојно зголемен во однос на претходната година. Ако погледнете на пример во 2019 година за спорт биле одвојувани околу 280 милиони денари, сега за 2025 година имаме буџет од 1,1 милијарда денари. Тоа е повеќе од три пати зголемување на буџетот за спорт. Тоа покажува дека ние како Влада го поддржуваме спортот. Нормално, сето тоа треба да биде во насока да имаме резултати. Кога издвојуваме толку пари, треба да знаеме која е крајната цел, што сакаме да постигнеме. Изминатиов период кај некои клубови се појави незадоволство. Затоа како министерство размислуваме за некои реформи, но тоа ќе доведе до намалување на директните субвенции во клубовите што ги дава Министерството за спорт. Клучното прашање е што сакаме да постигнеме. Спортот треба да обезбеди фер однос кон сите. Особено ова се однесува кај натпреварите во пионерските и младинските категории. Треба да обезбедиме услови за секое дете да биде мотивирано и со услови за спортување. Спортот гради здрава нација. Во мене секогаш ќе имате сојузник кога станува збор за поддршка за спортот, потенцираше министерката Гордана Димитриеска-Кочовска.

Како поранешен ракометен репрезентативец и актуелен министер за спорт, Ристовски потенцираше дека ракометот според конкретните резултати е позициониран како спорт број еден во државата и таков статус има и во стратгијата на Министерството за спорт.

-Ракометот е спорт број еден во Македонија и тоа е дефинитивно така. Ние во Министерството донесовме и одлука да го прогласиме ракометот како национален спорт број еден. Има забелешки од некои национални спортски федерации, но многу е лесно да одбраните нешто кога има резултати. Речиси сите репрезентации во сите возрасни категории во ракометот се пласирани на големи натпреварувања, што во другите спортови не е случај, и логично е најголем дел од средствата од државните субвенции во спортот да одат во ракометот, истакна Ристовски.

Тој посочи дека мора да има стратегија за развој на спортот и дека Министерството за спорт неа ќе ја гради во соработка со националните спортски федерации.

Министерот Ристовски на панел-дискусијата се осврна и на инфраструктурните проекти на Министерството за спорт како основа за развој на спортот.

Министерката Димитриеска – Кочоска и министерот Ристовски заеднички потврдија дека Владата уште посериозно од досега ќе се заложи за развој на спортот во Македонија и дека спортистите ќе останат во фокусот на владините политики.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Германија слават конзервативците

Следно

Славјанка Петровска: Како демократски општества не смееме да ја оставиме Украина сама

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop