Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја одбележа третата годишнина од руската агресија врз Украина

February 24, 2025
1 min read

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје.

Во обраќањето по тој повод, потпретседателката на Здружението Тамила Велковска истакна дека денот кога руската федерација изврши инвазија на нивната земја, е најстрашниот ден во модерната историја на Украина и ден кој целосно засекогаш го променил живот на милиони луѓе.

-На 24 февруари се навршуваат 3 години од – Три години од тоа страшно утро кога се разбудивме од зборот „војна!“. Сите овие три години на секој од нас го боли секој проектил, секоја бомба или граната испукана врз нашата земја, сите овие три години ги оплакувавме загинатите цивили, како и нашите херојски бранители, сите овие три години нè боли секој изгубен сон, секој кој е принуден да го напушти својот дом по желба да се спаси себеси и своите деца од страшниот и безмилосниот руски монструм. Во текот на овие три години, илјадници и илјадници наши домови беа разурнати, илјадници животи беа изгубени, а судбините на милиони Украинци беа уништени. Ниту еден збор не може да го пренесе она што Украинците го чувствуваат денес: сета болка, гнев, понекогаш очај но и надеж, благодарност до нашите бранители и омраза кон проклетиот непријател, рече Велковска.

Таа потсети дека милиони Украинци се принудени да талкаат низ светот во потрага по заштита, и при тоа ја повтори благодарноста до Македонија која им даде засолниште на Украинците, пружи можности за живеење и работа овде, како и за сета помош во политичка и воена сфера!

-Македонија уште еднаш потврди дека е мала земја со големо срце, рече Велковска и порача дека во пресрет на тригодишнината од почетокот на руска инвазија врз Украина, не губат надеж за најдоброто за нивната земја и оти никој нема да ги натера да се предадат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андреј Ковачев гостин во „DailyClick“ на ТВ21

Следно

Конзервативците победија на парламентарните избори во Германија со освоени 28,6 % од гласовите

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop