Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците

February 24, 2025
1 min read

Во рамки на денешната 35. собраниска седница меѓу точките од дневниот ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи. Предлог-законот треба да се донесе по скратена постапка, а ќе им овозможи на сметководителите кои се дисциплински казнети и привремено избришани од регистрите, да ги потпишат годишните сметки и/или финансиските извештаи за 2024 година. 

Според текстот што го предлгаат пратеници од владејачкото мнозинство, неисполнетата обврска за континуирано професионално усовршување поради која се казнети, сметководителите ќе мора да ја завршат до 31 декември 2026 година.

Моментно на околу 3 300 сметководители им е изречена дисциплинска мерка „времено бришење од регистарот“, односно им е одземено правото на потпис на годишните сметки зашто не посетувале доволен број часови обука кај консалтинг куќите. 

Согласно актуелниот Закон за вршење сметководствени работи, сметководителите и овластените сметководители за надградување на знаењето се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување. Сметководителите треба да имаат вкупно 90 часа обука, а овластените сметководители 120 часови обука. Поради непочитување на овие законски одредби, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) до 15 јануари 2025 година има донесено околу 3 300 решенија со кои им се изречени дисциплински мерки „времено бришење“ на сметководителите и овластените сметководители од соодветните регистри во времетраење од една година.  

Сметководителите во четвртокот организираа протест пред Министерството за финансии на кој изнесоа повеќе барања, меѓу кои и најитно изнаоѓање решение за оние што се времено избришани од регистарот за да можат да ги потпишуваат годишните сметки, но и законски измени со кои на ИСОС ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски ја честита изборната победа на ЦДУ во Германија

Следно

Андреј Ковачев гостин во „DailyClick“ на ТВ21

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop