Граѓаните не веруваат на ветувања – санацијата на патот во Идризово доцни, се најавува нов рок

February 23, 2025
2 mins read

Регионален пат Р1102. Почнува од скопска Автокоманда, завршува во Гевгелија. Или во должина некаде околу 150 километри. Но, ние ќе се задржиме на делот од Трубарево до Петровец кој е во должина од некаде 22 километри.

На оваа делница коловозот некаде е како авионска писта, а некаде како терапија за камен во бубрезите.

Овде почнува „терапијата“…

А 750 метри подалеку е крај на принудното, но веројатно, делотворно ослободување од камења во бубрезите.

Оваа делница, која поминува до затворот „Идризово“ требаше да биде реконструиранa до крајот на 2024 година, ако временските услови тоа го дозволеа.

Сепак, од најави, добри желби, сликање, ПР и надеж на топло време над 10 степени во зима, не се живее.

„Како не пречи! Еве види, кола до кола и тука може да се направи некоја несреќа… Гледаме, ден по ден да го прават, лажат. Денеска, утре, денеска, утре, еве цела година така ќе биде…“

„Лаги, пола ги искршивме колите… Кога почнаа да го кршат требаше да го направат, да го асфалтираат…“   

„Не знам што да коментирам. Не е направен, нема ниту тротоар ниту ништо… Не сум запознаена со ветувања“

Некои пак од жителите работава ја тераат ептен на политика.

„Кај има тие патриоти вмровски, таму се асфалтира, на друго место не.“

Но, од Македонија пат, јавното претпријатие кое е задолжено за санација на регионалните патишта, меѓу кој е и Р1102 велат дека студеното време е причина за пролонгирањето на работите на делницата кај затворот „Идризово“.

„Асфалтните бази кај нас функционираат до плус 10 степени така да во тој период немавме реални услови.“, вели Сашо Тодоровски.

Тодоровски вели дека делницата кај затворот „Идризово“ ќе се заврши најдоцна до почетокот на април годинава.

Што се однесува на реконструкција на делот кај населеното место „Дрма“, финишот се планира исто така оваа пролет.

„Крајот на март, почетокот на април месец“

Но, граѓаните начнаа и една друга тема. Тоа е како учениците патуваат до училиште. Велат, мораат со автобус, што нив ги чини пари, но и не е безбедно.

„Ни пречи, како не ни пречи. Деца одат во школо натака, не можат да одат. Нема тротоар. Да има тротоар ќе си одат пеш, нема ни два километри. Да има тротоар можат и пеш да одат, а вака идат со автобус. Ќе се качат во автобус  им бараат карта, а од школо не им се доделува карта пошто нема доволно метража“

„Има сообраќај. Еве децата еве се симнуваат од автобус, не гледаат овде како да возат, ќе им пресечат патот децата и не застануваат ич…“ 

А дали ќе има тротоари?

„Тротоарите не се надлежност на Македонија пат“.

Во чија се?

„На локалната самоуправа“

Инаку, делницата Петровец – Трубарево од регионалниот пат Р1102 е исклучително фреквентна и по нејзе сообраќаат голем број големи товарни возила, со цел да се избегне да се плати патарина. За санација на делницата кај затворот „Идризово“, лани, со ребалансот на буџетот беа дадени 35 милиони денари, а за оваа година за реконструкција на делови од делницата каде што влегува и делот кај Дрма, предвидени се 40 милиони денари што се доволни за санација на некаде околу четири километри делница.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со знаци на труење починал 21-годишен осуденик во затворот во Штип

Следно

АНАЛИЗА: Ништо ново на најблискиот исток!

Latest from Blog

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop