СДСМ: Очигледно е дека ВЛЕН и ДПМНЕ имаат политички дил за робусно полнење на администрацијата

February 23, 2025
1 min read

„Скандалозната најава од вицепремиерот Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење на веќе подготвени списоци со имиња на ‘подобните’ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор. Очигледно станува збор за политички дил меѓу ВЛЕН и ДПМНЕ односно меѓу Мицкоски и Меџити за робусно полнење на јавната администрација со луѓе блиски до владејачките партии“ изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Таа додаде дека Меџити најавил робусна акција за најголеми партиски напад врз институциите со нови 3000 вработувања во државната администрација.

„ Пред локалните избори власта спремила робусно полнење на администрацијата со партиски послушници, додека компетентните луѓе и младите остануваат без никаква шанса. Затоа Македонија ги губи младите, поради корупција, партиски клиентелизам и нееднакви можности. Способните си заминуваат бидејќи знаењето се заменува со партиски кадри“ рече Кузеска.

Таа додаде дека ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити, а сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Исплатени се околу 5 милони евра субвенции за лозарите

Следно

ВИДЕО: Страшна несреќа во Скопје – се судриле четири возила кај гимназијата „Зеф Љуш Марку“

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop