Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица

February 23, 2025
1 min read

Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, од каде што соопштија дека од 1 февруари биле регистрирани над 1.368 земјотреси посилни од три степени.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи се затворени од почетокот на месецов, новата одлука важи до 28 февруари, а за враќањето на учениците во училишните клупи, надлежните комисии ќе разговараат на следниот заеднички состанок закажан за четврток попладне.

На заедничкиот состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности во надлежното Министерство била разгледана актуелната ситуација и членовите едногласно констатирале дека „сеизмичката серија во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос бележи опаѓање, со над 1.368 земјотреси од 1 февруари со јачина од над 3 степени и со максимална регистрирана магнитуда од 5,3 степени“, дека сеизмичка активност се должи на подводни раседи и дека „сеизмичката активност во калдерата останува на истото ниво како, а „во поширокиот регион на Санторини се забележува намалување на темпото на деформација на тлото“.

Паралелно потсетија на превентивните мерки за граѓаните, односно да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неговиот традиционален неделен преглед на Фејсбук, денеска го започна со земјотресите во близина на Санторини посочувајќи дека „бројот на потреси е намален во последните 24 часа, но научниците продолжуваат деноноќно да ја следат појавата, проценувајќи дека ќе треба време за сеизмичката активност целосно да запре“.

Додаде дека покрај мерките за поддршка на бизнисите и вработените што минатата седмица ги најавија, од Министерството за внатрешни работи, надлежно за општините ќе биде одвоена вонредна помош од 850.000 евра за Санторини, Аморгос, Анафи и Иос. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за американската политика: Тоа е новото нормално кое доаѓа од Вашингтон и кое ќе го преплави светот

Следно

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Процедурата е тргната, во вторник на седница на Влада ќе помине

Latest from Blog

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Реакцијата на Синодот доаѓа

Евакуација во Германија поради сомнителен експлозивен пакет на железничка станица

Железничката станица во Тројхтлинген, во јужната германска покраина Баварија, и околните згради беа евакуирани во понеделник како мерка на претпазливост откако на шините беше пронајден сомнителен предмет за кој полицијата се сомнева

Најмалку пет лица биле повикани на информативен разговор во полиција за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки,

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

Европската инвестициска банка повикува на забрзување на геолошките истражувања и развојот на нови рударски проекти во Европа. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ
Go toTop