Кина објави мировен план за решавање на руско-украинскиот конфликт

February 24, 2023
2 mins read

Во документот од 12 точки што го објави Кина, меѓу другото, се нагласува дека суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите земји мора ефективно да се поддржуваат согласно Повелбата од ОН. Пекинг, притоа, јасно не го признава кршењето на суверенитетот на Украина од страна на Русија

Пекинг повикува и на прекин на едностраните санкции, кои, како што вели, не можат да го решат проблемот туку само да создадат нови

На првата годишнина од руската инвазија на Украина, Кина објави документ со 12 точки во кој детално е опишан нејзиниот став за руско-украинскиот воен конфликт и во кој, меѓу другото, повикува на мировни преговори и прекин на непријателството меѓу двете страни.

Во документот насловен како „Позицијата на Кина за политичкото решавање на кризата во Украина“, кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека земјата ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори.

Конфликтот и војната никому не му користат. Сите страни мора да останат рационални и да покажат воздржаност, да избегнуваат разгорување на пламенот и влошување на тензиите и да спречат дополнително влошување на кризата или дури и излегување од контрола. Сите страни треба да ги поддржат Русија и Украина да работат во иста насока и да го продолжат директниот дијалог што е можно побрзо, за постепено да се деескалира ситуацијата и на крајот да се постигне сеопфатен прекин на огнот“,

се наведува во документот на кинеското МНР под точката која гласи „Престанок на непријателствата“.

Документот што го објави во голема мера е повторување на постојната позиција на Кина, која вклучува повикување на двете завојувани страни да ги продолжат мировните преговори. 

„Дијалогот и преговорите се единственото одржливо решение за украинската криза“,

се вели во соопштението и дополнително се додава оти Кина и во иднина ќе игра конструктивна улога, притоа не прецизирајќи ги деталите.

Документот што го објави во голема мера е повторување на постојната позиција на Кина, која вклучува повикување на двете завојувани страни да ги продолжат мировните преговори

Во документот се нагласува дека суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите земји мора ефективно да се поддржуваат согласно Повелбата од ОН. Пекинг, притоа, не го признава кршењето на суверенитетот на Украина од страна на Русија.

Си-ен-ен пишува дека документот претставува тенко прикриена критика на САД бидејќи во една од дванаесетте точки Кина повикува на напуштање на „менталитетот на Студената војна“.

„Безбедноста на еден регион не треба да се постигнува со зајакнување или проширување на воените блокови. Сите страни треба, следејќи ја визијата за заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива безбедност и имајќи го предвид долгорочниот мир и стабилност во светот, да помогнат во создавањето избалансирана, ефективна и одржлива европска безбедносна архитектура“,

гласи точката „Напуштање на менталитетот на Студената војна“.

Во документот објавен од кинеското МНР, Кина повикува и на прекин на едностраните санкции, кои, како што вели, не можат да го решат проблемот туку само да создадат нови.

Меѓу другото, Пекинг е на став дека не смее да се водат нуклеарни војни и дека е против употреба на нуклеарно, хемиско и биолошко оружје од која било земја и под какви било околности. Исто така, се предупредува на опасност од вооружени напади врз нуклеарни централи или други нуклеарни постројки. 

Во документот во кој детално го објавува својот став за руско-украинскиот конфликт, Кина посочува и на решавање на хуманитарната криза, олеснување на извозот на жито, одржување на стабилни индустриски и синџири на снабдување како и заштита на цивилите и воените заробеници од двете страни, а ја повикува меѓународната заедница и на поддршка при постконфликтната обнова во конфликтните зони.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД испраќаат дополнителни две милијарди долари безбедносна помош за Украина

Следно

НАТО: Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop