Лазаров: Заслужено сме меѓу најдобрите осум екипите во оваа натпреварување

February 23, 2025
1 min read

Ракометниот клуб на Алкалоид ја оствари целта и со нова домашна победа над Бриксен (38-31) патува во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ. По натпреварот, коментар на мечот даде тренерот на македонскиот тим Кирил Лазаров.

„Мислам дека заслужено ја поминавме оваа осминафинална пречка, со една брза и полетна екипа, можеби немаше противникот ротација, но тие осум до девет играчи играат квалитетно, тоа се увиде во првото полувреме. На Бриксен му фалеа два до три играчи за да издржи да се носи. Ние го скршивме мечот во 35 минута, се сврти резултатот кон нас. Во првото полувреме во дадени ситуации реагиравме пребрзо, правевме грешки и тоа мора да го поправиме во иднина.

Кажав уште и пред мечот, во следната фаза има три квалитетни противници кои не се толку квалитетни како останатите четири и би било добро да ги избегнеме останатите четири. Ние влеговме во најдобрите осум, ќе биде борба за полуфинале. Ќе се играат мечевите во еден период во кој ќе има доста натпревари, како клупски така и репрезентативни.“, изјави Лазаров.

Во име на тимот говореше Марко Стојковиќ.

„Одигравме одличен дуел. Почнавме добро, беше тесно до 35. минута. Играме брзо, ние влечевме исто, во вториот дел го вративме резултатот во наша корист. Имаме уште многу да поправаме за да го кренеме нивото.“, изјави Стојковиќ.

За суперлигашот ова беше шеста победа на шестиот европски натпревар сезонава. Ривалот во четвртфиналето Алкалоид ќе го дознае на ждрепка која ќе се одржи на 25 февруари.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рубљев го освои АТП турнирот во Доха

Следно

Меморијален турнир во чест на прерано починати припадници на ОЗОЛО „Маја Лазарова Тодорова“

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop