Претседателката Сиљановска во посета на МАНУ

February 22, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети Македонската академија на науките и уметностите, вдомена во уникатното архитектонско дело на Борис Чипан.

Имаше ретка прилика да го обиколи огромниот простор, составен од свечени сали, богати библиотеки, работни простории и канцеларии, облагородени со прекрасни слики, фигури и скулптури, да ѕирне во неколку лаборатории, да види вработени, занесени во истражувачките активности.

Уживаше во долгата и плодна дискусија со членовите на Извршниот одбор на МАНУ: Живко Попов – претседател, потпретседателите Витомир Митевски и Алајдин Абази и дописниот член Блажо Боев кои ја запознаа со историјата, биографските елементи и достигнувања на членовите, видот на проектите, врвните успеси, но и со хроничните и актуелни проблеми и предизвици.

Претседателот на МАНУ, академикот Живко Попов и раскажа на претседателката на што работеле претходните 58 години академиците: научници и уметници, што откриле и створиле, каде и како се примениле откритијата и пронајдоците, со што не задолжиле нас, но и човештвото.

За претседателката, МАНУ, како персонификација на критичкиот и творечки ум, врвно знаење и креативност, заслужува далеку поголема почит, но и неопходна поддршка од барем 1% од БДП, зашто нема подобра и поисплатлива инвестиција од онаа во науката и културата. Ако сакаме да фатиме чекор со технолошки предизвици, мора повеќе да вложуваме во науката. Ако сакаме да го негуваме и промовираме националниот и културниот идентитет, мора да вложуваме во културата.

Се разбира, на средба одржана на Меѓународен ден на мајчиниот јазик, претседателката сметаше дека е важно да го истакне значајниот придонес на Одделението за лингвистика и литературна наука во МАНУ, изразувајќи верување дека навремените подготвителни активности за овој стожерен настан гарантираат достојно одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик.

Сепак, за неа, не е доволно и најважно да се манифестира посветеност на македонскиот јазик само при пригодни настани, туку е неопходно, мајчински да се грижиме за него постојано, секогаш и секаде.

Запознавајќи ги домаќините со иницијативата за изработка на Дигитален регистар на најуспешните, во функција на нивно вмрежување и поцврсто интегрирање во македонските работи, таа предложи и МАНУ да се вклучи во процесот.

На крајот, водството на МАНУ и претседателката изразија подготвеност за континуирана размена на идеи, предлози и сугестии, организирање научни дебати, конференции и проекти, како и културни настани под покровителство на претседателката.

Соговорниците, свесни и загрижени за драматичните промени во меѓународниот поредок, се согласија дека МАНУ е неодминлив субјект, креатор и партнер во креирањето стратешки пристап во барањето одговор на современите национални, регионални, европски и светски закани, дилеми и предизвици.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

КРАТОК ФИЛМ ЗА ЗБОРЛЕСТИОТ ПАПАГАЛ НА ТИТО ОСВОИ НАГРАДА НА БЕРЛИНАЛЕ

Следно

Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop