Тутунопроизводителите бараат нов Закон за тутун за забрана на увоз на ароматичен тутун

February 22, 2025
1 min read

Повисоки цени, стандардизирање на производството на тутун на 20 000 до 22 000 тони, измени во Законот за тутун за забрана на увоз на ароматичен тутун и без согласност на Сојузот на тутунските здруженија да не може да се договараат цени, се дел од барањата на Сојузот во преговорите што ги почна со откупувачите за новата реколта тутун.

Преговорите се одвиваат со посредство на Министерството за земјоделство.

„Преговорите и договорите на работната група што ја иницираше министерот за земјоделство Трипуновски се во тек. Ги добивме понудите на откупувачите за нови цени зашто нема да прифатиме договори за новата реколта без цените да бидат повисоки од сегашните. Ќе ги разгледаме нивните понуди, ќе им одговориме со нашите предлози и се треба да заврши до четврток. Пред да заврши откупот на тутунот, и законски, на крајот на февруари, откупувачите не смеат да нудат и да склучуваат нови договори со тутунопроизводителите“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

Договарањата за новата реколта ќе влијаат и на новото тутунопроизводство.

„Очекуваме новата производствена година да донесе околу 20 000 до 22 000 тони тутун. Нема да отстапиме од барањето за повисоки цени. Има интерес за производство. Сакаме да останат цените по класи и да се цени реално тутунот за да има исплатливост и за откупувачите и за тутунарите. Законски, откупот завршува на 28 февруари. Има за откуп уште 30 до 40 тони. Откупувачите нагласија дека ќе купуваат сув, а нема да го прифатат влажниот тутун, рече Ристески.

Инаку, досега се откупени 24 163 тони тутун од ланската реколта, речиси сиот во прва класа која е 400 денари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

Следно

КРАТОК ФИЛМ ЗА ЗБОРЛЕСТИОТ ПАПАГАЛ НА ТИТО ОСВОИ НАГРАДА НА БЕРЛИНАЛЕ

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop