Протест против воведувањето на еврото во Бугарија, демонстрантите се судрија со полицијата

February 22, 2025
1 min read

СОФИЈА (АА) – Приврзаниците на крајната десница денес во Софија се судрија со полицијата во Софија на протестот за одбрана на бугарскиот лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолу.

Протестот, во организација на крајнодесничарската и ултранационалистичка партија „Преродба“ започна пред Бугарската народна банка (БНБ), а продолжи пред Претставништвото на Европската комисија во Софија.

Демонстрантите кои носеа транспаренти на кој пишуваше „Не го сакаме еврото“, „Го бираме левот“, со црвена боја и јајца ги гаѓаа двата објекта и ја запалија влезната врата на зградата на Европската комисија, по што се судрија со полицијата.

Причините за протестот, како што наведуваат демонстрантите, се поради тоа што се против влез на Бугарија во еврозоната, и нивната желба за задржување на бугарскиот лев.

Инаку, до крајот на февруари Бугарија ќе поднесе официјално барање до Европската комисија (ЕК) и Европската централна банка (ЕЦБ) за изработка на вонредни извештаи за подготвеноста на земјата за приклучување кон еврозоната. Ова го изјави бугарската министерка за финансии Теменужка Петкова пред неколку дена во Брисел, каде што го претстави пред државите од Еврогрупата напредокот на Бугарија, поврзан со подготовките за приклучување кон еврозоната, соопшти бугарското Министерство за финансии.

Министерката Петкова истакна дека „со својата разумна фискална политика Бугарија одамна го заслужи членството во еврозоната“. Таа изрази очекување тоа да стане реалност на 1 јануари 2026 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве зошто Орданоски е лут: Пари од УСАИД земал и за Малави! (ФОТО)

Следно

Возач на багер затрупан од лавина во Туркије

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop