СДСМ: ДКСК, итно да постапи по изјавата на Меџити за партиските вработувања

February 22, 2025
1 min read

Социјалдемократите реагираат на изјавата на првиот вицепремиер Изет Меџити, дека ќе вработува 3.000 партиски војници во администрацијата.

„Изјавата на Изет Меџити дека Владата ќе вработи 2000 до 3000 партиски кадри на Меџити во државната администрација во најкус рок е скандал без преседан. Масовната партизација на администрацијата пред изборите е јасно договорена со Мицкоски. Прашањето е – дали списоците за вработувања веќе се кај него на маса? Откако Таравари изјави дека прво требало да се решат етничките прашања, па потоа да се зборува за економијата, сега Меџити има нова стратегија – прво да се вдомат партиските кадри, а потоа ќе зборуваме за вработување на квалитетните и способните. Мицкоски во целата оваа ситуација молчи, како и секогаш кога е во криза“, вели портпаролката на партијата Богданка Кузевска.

Според СДСМ, ова е најголемата отворена најава за партизација на институциите во историјата. Станува збор за класичен партиски клиентелизам – вработување на партиски кадри, луѓе блиски до владејачките партии, без јасни критериуми и без гаранција за квалитет во јавните институции’.

„Ова е истата практика што ја гледавме за време на режимот на Груевски – полнење на администрацијата со партиски послушници, додека компетентните луѓе остануваат без шанса.

СДСМ прашува:

„Според кои критериуми ќе се избираат овие 3000 вработени? Дали ќе има јавни конкурси или веќе постои список на „подобни“ кандидати? Дали овој список е веќе на масата на Христијан Мицкоски? Дали ВМРО-ДПМНЕ молчи затоа што веќе е договорено дека дел од овие вработувања ќе бидат за нивни кадри“?

ВМРО-ДПМНЕ, која додека беше во опозиција жестоко зборуваше против партиските вработувања, сега молчи, вели Кузевска.

„Тие некогаш обвинуваа дека администрацијата е презаситена и дека треба да се прават реформи, но денес немаат проблем да ја наполнат со свои кадри. Нови четири министерства, по три заменици министри, и сега – нови 3000 луѓе во администрацијата. Македонија не губи луѓе затоа што нема 3000 работни места во администрацијата, туку затоа што владее корупција, партиски клиентелизам и недостаток на еднакви шанси. Оние што не припаѓаат на владејачките партии остануваат без можности, а професионалците заминуваат затоа што во оваа држава не се вреднува знаењето, туку партиската лојалност“, посочува таа..

СДСМ бара:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) итно да постапи по оваа изјава.

Итно стопирање на сите моментални вработувања во државната администрација.

Целосна истрага за овој скандал од надлежните институции.

Ова не смее да остане неказнето.

СДСМ ќе се спротивстави на оваа политика и ќе ја брани праведноста и транспарентноста во институциите.

Граѓаните заслужуваат држава во која секој ќе има еднаква можност, а не држава во која работните места се распределуваат според партиски списоци, велат во СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АНАЛИЗА: Како „Родител 1 и 2“ стана врвен проект на СДСM и дали тоа има врска со парите за нивните проекти?!

Следно

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop