АНАЛИЗА: Како „Родител 1 и 2“ стана врвен проект на СДСM и дали тоа има врска со парите за нивните проекти?!

February 22, 2025
1 min read

Ние одамна гледаме како либералниот наратив во Македонија не се развива природно, туку се турка по директива – не од народот, не од реални потреби, туку од кругови поврзани со СДСM и нивните финансиски спонзори. Еден од најапсурдните примери за тоа е токму воведувањето на „Родител 1 и 2“ како врвен приоритет, додека вистинските проблеми на граѓаните остануваат нерешени.

Како е можно во една држава што се соочува со масовно иселување, уназаден здравствен систем, уништено образование и економија во стагнација, најважна тема на власта да биде промената на термините „мајка“ и „татко“? Одговорот е едноставен – затоа што тоа не беше спонтан процес, туку однапред испланиран механизам за трошење пари на бесмислени, но профитабилни проекти.

Ние знаеме дека овие луѓе не се идеолошки борци, туку ситни трговци со туѓи агенди. За нив секој проект што не носи грантови и странска финансиска поддршка е залуден. Затоа, наместо да се фокусираат на вистински реформи, тие избраа теми што ќе им донесат повеќе пари од странските фондови и ќе им обезбедат поддршка од нивните „ментори“ пред кои со години кодошеа секој што размислува поинаку.

Ако го следиме текот на парите, веднаш ќе видиме поврзаност меѓу овие „проекти“ и личните џебови на луѓето од СДС. Секоја невладина организација, секој „експерт за човекови права“, секој медиум кој слепо ја туркаше оваа агенда, беше финансиски мотивиран. Не им беше важно што на народот не му е грижа за овие измислени проблеми, ниту што реалноста на Македонија е сосема поинаква – важно беше да се оправдаат парите што ги добиваа за своите „истражувања“, „студии“ и „проекти“.

Дали некој во Македонија реално бараше воведување на „Родител 1 и 2“?

Апсолутно – не!

Тоа беше политички наметната агенда, спакувана како „европска вредност“, но во суштина беше само уште една коруптивна шема за перење пари преку либерални проекти.

Но времињата се сменија. Денес веќе нема пари за овие измислени иницијативи. Новата реалност е дека луѓето се свесни што се случуваше – дека ова не беше борба за права, туку обид за купување на уште неколку години привилегиран живот за одредена група луѓе.

И сега, кога повеќе нема пристап до тие пари, што ќе прават сите тие „експерти“ и „невладини активисти“? Ќе мора да најдат вистинска работа – а тоа, очигледно, е најголемата казна за нив.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа

Следно

СДСМ: ДКСК, итно да постапи по изјавата на Меџити за партиските вработувања

Latest from Blog

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат. Марка тврди дека

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија

Утре во Албанија се одржуваат парламентарни избори

Албанските граѓани утре излегуваат на парламентарни избори. Изборите се сметаат за одлучувачки за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината аспирација за влез во ЕУ. Со повик

„Плаја Виста“ некогаш и сега – спортско-рекреативниот центар слика за нашата (не)грижа и однос кон некогаш култните спортски објекти

Ваква беше сликата и атмосферата пред неколку децинии во спортско-рекреативниот центар под Кале. На зима и лете. Базенот Плаја Виста преполн со народ, рекреативно лизгање, но и професионален хокеј на мраз. И

„Хуманитарната ситуација во Појасот Газа стана неподнослива“, рече германскиот министер за надворешни работи Вадефул

БЕРЛИН (АА) – Новиот германски министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека ситуацијата во Појасот Газа станала неподнослива, известува Анадолу. Во изјавата дадена пред неговата посета на Израел и Палестина, Вадефул
Go toTop