Мисајловски: Ќе следи обнова на Украина, нема да преземаме нешто што неможеме да го исполниме

February 21, 2025
1 min read

Ќе следи обнова на Украина, тоа е таа нова реалност и геополитика, нема да преземаме нешто што неможеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме, рече во своето гостување во Дневникот на МРТВ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Ќе следи обнова на Украина, ќе треба да се определува дополнителни средста од нашите буџети тоа сигурно ќе биде и тоа е таа една нова реалност и геополитика што секоја земја ќе треба да помага, изјави Мисајловски.

Нема да преземаме нешто што неможеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме вели Министерот Мисајловски.

-Ние согласно нашите капацитети мора да презмеме одговорност. Неможеме да преземеме нешто што неможеме да го исполниме, затоа да внимаваме во следиот период, колку што можеме да помагаме, но да си гледаме внатре. Да имаме силна држава, да имаме една силна Армија, вели Мисајловски.

Внимавам максимално како нашата Армија да биде уште подобра и модернизирана, првенствено нас ни е најважна Македонија и македонскиот народ, рече во интервјуто Мисајловски.

-Јас од кога сум министер, гледам максимално, ако има било каква помош било тоа кон Украина или трета земја ние да добиеме како Армија, да добиеме како земја, односно да добиеме дополнителна опрема, да добиеме и донации…, мора така. Мора, оти ние ако даваме дополнителна помош да се гледаме себеси, како нашата Армија да биде уште подобра да се модернизираме, но во исто време како да ги обновуваме сите опреми оние кои што ги даваме. Тоа е многу важно, бидејќи првенствено нас ни е најважна Македонија и македонскиот народ, појасни Мисајловски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не!

Следно

Фестивал „Ноќни светла“ во Ербил

Latest from Blog

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop