АНАЛИЗА: Ситните трговци со Северна не ја сакале Америка, туку доларите на USAID

February 21, 2025
1 min read

Во Македонија, концептот на „проамерикански“ став одамна е узурпиран од група луѓе чии политички убедувања не се засноваат на вредности, туку на финансиски текови.

Докажано е дека СДСМ и нивните медиумски и граѓански сателити не веруваат ниту во стратешкото партнерство со САД, ниту во американските вредности, ниту во пријателството меѓу македонскиот и американскиот народ – тие веруваат само во американскиот долар.

Сè додека парите од грантови течат, тие се „лојални кучиња“. Но, кога ќе секне изворот, инстинктивно се вртуваат кон нови „газди“ – без разлика дали тие се од Москва, Белград или некои други мрачни структури. Денес, кога геополитичките ветришта се менуваат, одеднаш гледаме како истите тие „грантисти“ и либерални медиумски структури стануваат гласни критичари на актуелната американска администрација, без ни најмалку дипломатски такт или чувство за стратешките интереси на државата.

Години наназад, СДСМ и нивните медиумски полтрони неуморно го портретираа ВМРО-ДПМНЕ како „антиевропска“ и „антинатовска“ партија, иако токму ВМРО-ДПМНЕ прца предложи влез на Македонија во НАТО и го зајакна сојузништвото со САД. Реалноста е дека вистинските антизападни структури се токму овие кои со години лапаа американски пари за да шират пропаганда и сега, кога тие извори почнуваат да се пресушуваат, ги покажуваат своите вистински лица.

Не е тајна дека либералниот картел, кој со години имаше монопол врз меѓународните проекти во Македонија, имаше само една цел – да биде анти-ВМРО. Нивната идеологија не беше демократија, граѓанско општество или човекови права, туку единствено елиминација на секој што не е дел од нивната клиентелистичка мрежа. Иронијата е што токму тие, кои се претставуваа како најголеми „проамериканци“, денес се најголемите критичари на американската политика во регионот, а нивните партнери и мецени од СДСМ остануваат без кредибилитет пред меѓународните сојузници.

Дури и проституцијата има повисоки морални стандарди од овие луѓе. На крајот, проститутката барем нуди конкретна услуга за одреден износ, додека „грантистите“ во Македонија продаваат нешто што никогаш не го поседувале – принципи, чест и верност кон вистинските демократски вредности.

Соочени со реалноста дека нивното време изминува, овие либерални паразити панично се обидуваат да се реориентираат, но овој пат, без американската поддршка на која толку долго се потпираа.

Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била проамериканска партија, но ја нападнаа оние кои „проамериканството“ го сведоа на парични трансакции.

Кој е следниот чекор за овие „неблагодарни џукелчиња“?

Ќе остане ли СДСМ глув и нем за оваа срамна реторика? Или ќе продолжи со својата лицемерна политика, надевајќи се дека никој нема да го забележи нивното вистинско лице?

Македонија, а особено македонско-американските односи, заслужуваат повеќе од овие ситни трговци со политички услуги.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Грозданов во Аргумент плус: 4000 сметководители изгубија лиценци за работа, ова ќе донесе и штети во буџетот и стопанството

Следно

Зошто од јавноста се кријат средбите на мешовитата македонска бугарска историска комисија

Latest from Blog

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да
Go toTop