Грозданов во Аргумент плус: 4000 сметководители изгубија лиценци за работа, ова ќе донесе и штети во буџетот и стопанството

February 21, 2025
1 min read

Претседателот на комората на сметководители, Благоја Грозданов во Аргумент плус рече дека одземањето на лиценците за работа  на сметководителите ќе донесе голема штета и на буџетот и на стопанството па затоа објасни дека е потребно итно продолжување на рокот за поднесување на завршни сметки. Според него, потребни се долгорочни системски промени. Тој рече и дека од Министерството за финансии им ветиле решавање на проблемот.

„Јасно ни е со какви проблеми се соочуваат колегите бидејќи се направи хаоас со одземање на лиценците и тоа е лошо. Разбирлив е револтот кој го имаат, 4000 сметководители изгубија право да потпишуваат завршни сметки. Од Министерството за финансии рекоа дека работат на проблемите и ќе се реши проблемот, свесни сме за законската процедура но веќе времето гази, апелираме да се најде решение“, изјави Грозданов.

Тој објасни дека покрај измените во Законот потребни се и подолгорочни решенија.

„Краткоточно да се продолжи рокот за поднесување на завршните сметки, недела до две. Друго она на долг рок што се залагаме е либерализација за можноста на професионално здужување, ова е стратешка цел и свесен сум за големината на проектот. Со еден Институт не се функционира. Да се организираме во коморни здруженија и да имаме избор каде би членувале, односно таму каде што ќе бидат застапени нашите интереси“, рече Грозданов.

За процесот на дигитализација Грозданов објасни дека државата се движи во права насока но со мали чекори.

„Дигитализацијата ни е потребна бидејќи се давиме во хартија. Преземаме чекори во добра насока но се движиме со споро темпо и потребни се похрабри чекори, пред да ги преземеме треба да се смисли како да се движиме, а не да нафрламе само нови системи“, додаде Грозданов.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Огноотпорна боја развиена во Туркије обезбедува заштита и до 1.500 степени

Следно

АНАЛИЗА: Ситните трговци со Северна не ја сакале Америка, туку доларите на USAID

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop