Размената продолжува: Израел во сабота ќе ослободи 602 Палестинци, Хамас ќе ослободи шест заложници

February 21, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Израел во сабота ќе ослободи 602 палестински затвореници, вклучувајќи 50 Палестинци осудени на доживотен затвор, додека Хамас ќе ослободи шест израелски заложници, известува Анадолу.

Ослободувањето на заробеници е клучен дел од првата фаза од договорот за размена, кој следи откако палестинските групи ги дадоа имињата на шесте израелски заложници кои се предвидени да бидат ослободени во сабота.

Во соопштението на Канцеларијата за медиуми се потврди дека, покрај 50 Палестинци со доживотни и 60 со „високи безбедносни казни“, ќе бидат ослободени и 47 Палестинци кои претходно беа ослободени според „Шалитовиот договор“ од 2011 година, но биле повторно уапсени.

Ќе бидат ослободени и 445 Палестинци од Газа кои биле приведени по 7 октомври 2023 година.

Претходно во петокот, бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, ги објави имињата на шесте заложници Израелци кои ќе бидат ослободени во сабота како дел од 7. круг размена на заробеници.

Досега Израел прими 19 заложници и четири тела. Во сабота ќе бидат ослободени уште шест заложници, додека следната недела се очекува да бидат предадени четири тела, со што ќе биде заклучена првата фаза од договорот.

За возврат, Израел веќе ослободи 1.135 палестински затвореници, вклучително и десетици кои отслужуваат доживотна казна.

Сепак, Израел го одложи почетокот на преговорите за втората фаза од договорот, првично закажан за 3 февруари.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила минатиот месец, со што беше запрена геноцидната војна на Израел во Појасот Газа. Во израелските напади убиени се најмалку 48.300 Палестинци, главно жени и деца, а енклавата е во урнатини.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зоран Иванов за Иван Мирчевски: Уште колку пати нејзниот директор ќе си ја слизнува престижната Канал 5 кон моралното дно?

Следно

Огноотпорна боја развиена во Туркије обезбедува заштита и до 1.500 степени

Latest from Blog

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во
Go toTop