Ѝ во Скопје се пие добро кафе – „The Dude Specialty Coffee“ прогласена за една од 100-те најдобри кафетерии во светот

February 21, 2025
1 min read

Скопската кафетерија „Dude Specialty Coffee“, (ул. Апостол Гусларот, 16), која веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во градот, доби признание за својата страст и посветеност во работењето – избрана е во „топ 100“ кафетерии од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кофи фестивал.

„Ова е огромно признание за целокупниот тим на „The Dude Specialty Coffee“ но и светско уважување на брзорастечка скопска Спешлти кафе сцена. Кога го отворив „The Dude“ главна мисија беше да станеме препознатливи по „доброто кафе“, а сега таа потврда ја добивме во меѓународни рамки.Токму поради тоа сега имаме уште поголема мотивација да го задржиме нашиот квалитет и да им нудиме врвно уживање на сите љубители на овој исклучителен производ, од кој се воодушевени, речиси сите луѓе“, истакна Мирче Чашуле, сопственик на кафетеријата.

Во конкуренција од најдобрите кафетерии од сите континенти „The Dude“ го освои 63-то место, а изборот е направен од 60000 гласови и седум професионални судии. Критериум за изборот се квалитетот на кафето кое се сервира, искуството и подготвеноста на баристите, услугата, иновацијата во работењето, амбиентот и конзистентност на производот.

Покрај признанието за „Топ 100 кафетерии во светот“, оваа кафетерија е прогласена за најдобар „Specialty Coffee“ во Македонија за 2024 година според глобалниот водич за „Specialty Coffee European Coffee trip“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МД „Илинден“-Тирана: Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик

Следно

УЧЕНИЦИТЕ НА РОДОЉУБ АНАСТАСОВ СО СВОИ ДЕЛА ЌЕ ГО СЛАВАТ 90. РОДЕНДЕН НА ПРОФЕСОРОТ НА 25 ФЕВРУАРИ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop