Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

February 21, 2025
1 min read

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите – се зголеми за над двојно за само четири години – од 1.700 на 3.900, според истражувањето на „Ај-би-ем“ (IBM). Проучувањето е спроведено меѓу 2019. и 2023 година со следење различни облак-услуги низ светот.

Балканот е, се чини, „критичниот дел“ на кибербезбедноста на Европа, според новото истражување на компанијата за безбеднот на облак-услугите – „Клаудл“. Најзагрозени точки се Босна и Херцеговина (со рејтинг на опасности од 71 отсто), Србија (69 отсто) и Албанија (67 отсто), пишува „Евроњуз“ (Euronews).

– Ранливостите откриени во земји како Босна и Херцеговина и Србија ги истакнуваат критичните празнини во инфраструктурата за кибербезбедност, коишто бараат итно внимание, нагласи извршниот директор и основач на „Клаудл“, Акаш Махајан. – Мораме да му дадеме приоритет на обуката за кибербезбедноста и да спроведеме силни мерки за заштита на податоците бидејќи продолжуваме сè повеќе да се потпираме на облак-технологиите. Ова вклучува редовни безбедносни контроли, програми за обука на вработени лица и усвојување напредни технологии за шифрирање, додаде тој.

За кибербезбедноста на Обединетото Кралство (64 отсто) се истакнати вкупните опасности поради големиот број проценети пробивања на облак-услугите – над една милијарда изминатите две десетлетија.

Македонската кибербезбедност е на незавидното 5. место, заедно со ирската, холандската и летонската – сите со рејтинг на ризик од 53 отсто. Следи италијанскиот систем безбедност (51 отсто), со околу 800 милиони пробивања. Полска е на 10. место со рејтинг на опасност од 49 отсто.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клековски: Потребни се промени во здравствениот систем – „не можеме на 2 милиони жители да имаме еден онколошки центар“

Следно

Нетанјаху тврди дека Хамас предал тело на неидентификувана жена од Газа наместо телото на Шири Бибас

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop